Хрватска забрани убивање на напуштени животни

ЗАГРЕБ, 5 октомври 2017: Хрватскиот сабор (парламент) изгласа закон со кој се забранува убивање на напуштените животни.

Новиот закон забранува убивање на напуштени животни и наложува формирање на најмалку по едно „no kill” засолниште во рамките на секоја единица на регионалната самоуправа, во која се предвидуваат најмалку 50 сместувачката места за животни.

Законот наведува дека сите единици на локалната самоуправа се должни да учествуваат во финансирањето на воспоставувањето и работењето на засолништата. Законот, исто така, предвидува контрола на населението на „несакани” кучиња, како и подобра контрола врз одгледувањето кучиња.

Хрватските власти очекуваат дека бројот на кучињата скитници ќе се намалува и дека поголемиот дел од постојните засолништа ќе бидат во можност да ги прифатат сите напуштени животни и дека ги исполнуваат потребните стандарди.

Хрватска по 10 години доби Законот за заштита на животните. Во него, меѓу другото строго е забрането пукање во животни без оглед на видот на оружјето, освен за зашеметување или убивање животни заради заштита на безбедноста на луѓето и животните, како и фрлање петарди на животни или друга пиротехника.

Забрането е и чување и користење на дивите животни, освен во зоолошките градини, и држење во заробеништво мечки, освен во зоолошките градини и засолништа.

Новиот закон, исто така, предвидува и забрана изведување на кучиња со сечени уши и опашки, со исклучок на ловечките кучиња.

 

|2017-10-06T11:19:23+00:006 октомври 2017|Актуелно, Вести, Свет|