Хафиз Ширази „Газел број 198“

Good destruction requires love, Aleksandar Kovachevski, 2021

Хафиз Ширази

„Газел број 198“

 

Реков, кога твоите усни ќе ги утешат усните мои?

Рече, со твоите копнежи јас не ќе водам бој!

Реков, висока цена се плаќа за усните твои,

Рече, но твојата заработувачка ќе се вдвои!

Реков, кој те нашол, потпирајќи се само врз духот свој?

Рече, ретко се наоѓа човек од таков крој!

Реков, батали ги идолите, бирај Еден од бесмртен сој,

Рече, но, за љубовниците љубовта во сѐ се брои!

Реков, во крчмата се дават сите воздишки мои,

Рече, среќниот ги пушта да одлетаат јадовите свои!

Реков, мојата вера е таква што го кори виновиот пој,

Рече, тоа е верски обичај од на Магите древниот сој!

Реков, каква корист од вино за еден старец ко овој?

Рече, да го ороси изворот на младоста што пресушил твој!

Реков, кога господарот ќе легне до невестата на диванот свој?

Рече, кога Месечината ќе е блиску со Јупитер да се спои!

Реков, о, Хафизе, нејзина пофалба e плачот непресушен твој,

Рече, но токму тоа е небесната песна на ангелскиот рој!

 

Напишано: 1315 – 1390

Препев: Андреј Ал-Асади

|2021-06-17T09:37:49+00:0017 јуни 2021|Актуелно, Култура|