Во последниот период, скоро сите вести што доаѓаат од Грција го прикажуваат нашиот сосед како се мобилизира националистички и нацистички. Но, тоа не го претставуа целиот спектар на интерната борба. Голем број на поединци, организации и партии се трудат да покажат дека не се сложуваат со дејстувањата и политиките на своите сограѓани. Текстот на неформалната организација „Мрежа за политички и социјални права“, каде што се критикува национализмот во „својот двор“ е еден од таквите и ви го пренесуваме во целост:
Од самиот почеток, морбидната “дипломатија под шапка” (фраза која се однесува на настани организирани од црквата за уценување на владите за да не се дојде до решение и договор) што ја започнаа црковни фактори уште од ’92 и тогашното Министерство за надворешни, нити тогаш беше нити сега претставува “Глас на народот” наспроти “Елитата на Атина”.
Од посебно значење е за Неа Демократија, поранешните антимеморандумски АНЕЛ и уште подлабоко за грчката држава воопшто. Доколку “илјадници грчки граѓани” кои присуствуваа на протестот за Македонското прашање се “душата” на нацијата, тогаш се чини дека отпадниците, фашистите, хулиганите се нејзиниот “грб” и поминуваат недопрени од владата и полицијата.
Го повторуваме бидејќи за жал постојат недоразбирања и внатре во Левицата;
Националистичките протести не се антимеморандумски демонстрации кои исчезнаа. Една организирана демонстрација на моќ и негирање на национално самоопределување на една соседна земја која до неодамна беше во опасност да се распадне. Сето ова додека Грција припаѓа во НАТО и ЕУ и успешно ја игра улогата на шеф на Балканот; надвор од улогата на банките, супер маркетите, ОТЕ (космоте, водафон), Хеленик Петролеум што поседува 75% од пазарот на горива на Р. Македонија, и сега неодамна грчката компанија за електрична енергија (ДЕИ) ја откупи првата компанија за електрична енергија во соседната земја
Со дадена “дупка” во економскиот, политичкиот, популацискиот и воен јаз, барањето од грчката страна да наметне “име” по нејзин избор на Р. Македонија, освен неуспешно е неприфатливо и со цел да се соберат изборни гласови.
Трагично неуспешен е обидот бидејќи во над 100 држави е прифатена со уставното име Република Македонија. Затоа што и привремената спогодба од 1995 ја ослабна екстремно десната линија (националистичката политика) “- ниту комплексна ниту деривативна на поимот “Македонија”, и затоа што грчката држава беше исмеана во Хаг за “Вето” во 2008 год.
Но всушност е неприфатливо, барем поради три причини;
Најпрво, затоа што не допира никакво “историско право”. Не, Македонија не е три милениуми “грчка земја”. Ако беше така, немаше да постои Илинденското македонско востание, 1903. Немаше да има потреба од Македонска борба за “прогон” на другите етникуми. Миривилис немаше да пишува во “Животот во гроб” (Стратис Миривилис, книга за Првата Светска војна и секоја наредна – издадена 1930 Атина) за некои “соседи што не се Грци, ниту Срби, ниту Бугари”. “Социјалистичка Република Македонија” можеше да се вика и пред ’90 тите, како “закана”. И секако државна репресија на “македонски” уште од Трикупи до Хунта (Харилаос Трикупи, од 1875 до 1894 на политичка сцена кога Грција доживеа банкрот) немаше да биде основна загриженост кај министерствата, “огорчените граѓани” озлогласената Централна разузнувачка служба (КИП).
Исто така, затоа што тврдењето за “целта на Скопјаните” (да заземат дел од грчкото тло) што ја нарекоа “геополитичка опасност” е очајно смешно и несериозно. Во Уставот на Р. М. експлицитно е наведено дека земјата нема територијални претензии кон ниту една соседна држава. Владата на Заев во својата пракса покажува дека не ја подржува политиката со условот на Мегаалександрос. Да, Уставот на соседната земја предвидува промена во однос на границите но во согласност со Уставот ( член 3) – како и грчкиот Устав, доколку има мнозинство од вкупниот број на пратеници ( член 27).
Да, во Република Македонија постојат “Букефали” со ирелевантни фантазии – исто како и на протестот во Солун. Во Грција, дури и во некои делови од Левицата, национализмот секогаш се гледа и пречи во другите земји, никако овде.
Конечно, секој кој сака да се најде наспроти владата СИРИЗА – АНЕЛ , за антисоцијалното паѓање може да го направи на штрајк против меморандумите и мобилизација против предлозите. Националистичките протести предводени од стари офицери, нео- нацисти и националистички креатори кои со текот на времето политизираат “каде-дува-ветрот” не ја слабеат владата. Напротив, и даваат причина на АНЕЛ причина за постоење и дозволуваат СИРИЗА да претставува прогресивна и рационална сила. Го рангираат значи во еден нов “Центар” додека неговата политика ( од укинување на бенефиции, ограничување на правото на штрајк, до криминализација на активизмот против предлозите) води кон екстремен неолиберализам.
Она што е важно сега е пораз на грчкиот национализам. Не само поради меѓународна солидарност, туку и поради она што ни се заканува нам, во нашата земја, односно потврдата на отпадниците дека нивното гледиште ќе го наметнат “на секој начин и по секоја цена” , фашистичкото “предавници”, нападите кон левичарите и анархистичките окупации или центри.
Сметаме дека е лицемерие, организаторите на протестите да дејствуваат како “антисистемски” (додека го фалат Јоанис Метаксас, премиер од 1936- 1941) или “антиимперијалистите “ (додека екстремно десното крило на грчката заедница се придвижува кон г-дин Трамп) – во секој случај не сакаме фашизмот да крене глава повторно.
Познати ни се постапките на СИРИЗА за прашања кои допринесуваат за националистички гласови.. но сериозно не загрижува дека дел од грчката Левица и движење не научиле ништо од социјалниот патриотизам и општата пропаганда на властите (не од оние што се надеваат, туку од малцинството- Цимервалд, во неговиот Анти- воен манифест, 1914 год. ‘Работници во Европа’).
Значи, бараме од владата да престане да прави препреки и да продолжи веднаш со преговорите за името.
Додека во соработка со Левицата и левичарските движења во Р.М ќе се потрудиме гласот за солидарност на народите против национализмот и НАТО никогаш да не запре – како што не запре ни во ’98 ниту во 2008.
Од
Мрежа за политички и социјални права.