(Галерија) Граѓаните од југоистокот: „Власта да си ги исполни предизборните ветувања и да ја стопира изградбата на рудници“
По протестот, кој се одржа во петокот во Валандово, следеше конференција, на којашто активист од Романија ги раскажа нивните искуства во борбата против изградба на рудник во областа Роша Монтана. По конференцијата собраните граѓани од Валандово, Струмица и други засегнати општини дискутираа за понатамошните активности, коишто ќе ги преземат со цел да ја запрат оваа катастрофа, којашто е закана за животната средина и човечките животи во целиот југоисточен регион во Македонија.