СКОПЈЕ, 12.10.2018 – Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности, Македонски енергетски ресурси (МЕР) вчера со соопштение до јавноста информираше дека изградбата на гасоводот низ Водно ќе продолжи по посттигнатата согласност со граѓанските активисти. Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ денес реагираа со демант, дека ниту е посигната било каква согласност, ниту пак дека се дел од работните групи за мониторинг на изведбата на проектот.
„МЕР АД Скопје ја информира јавноста дека по постигнување на согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект, од понеделникот 08.10.2018 година, се отпочнати активностите за продолжување на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно и тоа од км 25 до км 26 на потегот кон Шишево“, информираа од компанијата.
На ова соопштение денес реагираа активистите од здружението „Го сакам Водно“ дека ниту се постигнала било каква согласност, ниту пак дека се дел од работните групи за мориторинг на изведбата за проектот.
„Во потполност ја демантираме информацијата за граѓанската иницијатива Го Сакам Водно со која согласност не е постигната, ниту пак сме дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.
Ширење лажни вести како официјално соопштение е сепак пострашно од fake news, нели Mile Bosnjakovski и Bajram Rexhepi ?
Освен, ако нема некои нови, преку ноќ одгледани граѓански активисти“, напишаа во демантот на својот фејсбук профил од „Го сакам Водно“.