СКОПЈЕ, 23. 05. 2019 – Утре, на 24 мај во Скопје во 12 часот пред Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи протест. Протестот го организира иницијативаа Fridays for Future Skopje кои исто така најавуваат исти вакви настани секој петок со цел подигање на свеста на граѓаните и притисок врз политичарите и претставниците на извршната власт за климатските промени, загадувањето на природата и воздухот и уништувањето на животната средина.
Првиот глобален протест се одржа на 15 март, на кој учествуваа неколку милиони граѓани од 125 држави во светот. Ентузијазмот за вториот е токму континуираната потреба да се алармира на последниците од климатските промени и да се цели кон климатска правда. Целта на протестот е да се укаже а
„Скопје повторно ќе биде дел од светскиот штрајк, затоа што е критична точка на континентот кога станува збор за загадувањето, и нашите власти мораат да вложат повеќекратно поголем напор од останатите да ја поправат состојбата со животната средина на долг рок, а не да го игнорираат проблемот како досега“ истакнуваат од иницијативата на поканата на фејсбук.
Нашата држава се соочува со енормно загадување на воздухот и на животната средина. Борбата против оваа појава зема замав во последниве години и низа иницијативи се појавија како отпор против економските колонијални интерси кои директно учествуваат во загадувањето на животната средина и олигархиските и политички апетити на дел од елитата во државава.
#FridaysforFuture претставува грас рут иницијата чија организациска структура е децентрализирана и хоризонтална. Се обраќа на граѓаните на целиот свет, но со можност за мобилизации во локални и регионални географски центри во светот и државава. Иницијативата иницијално претставува простор за израз на гнев, гнев од политиката и од незаинтересираноста пред се на политичарите и економските елити за животната средина и глобалното затоплување коешто ја носат планетата до катастрофи.
Протестот ќе се одржи на 24 мај, во петок пред Владата на Република Северна Македонија во 12 часот.