Ленин: Сведоштва на Елена Етингер Каваева – Гласни идеи: Документарна

Сеќавање на др. Елена Етингер Каваева за Ленин

Др. Елена Каваева (1893-1983) е основоположник на здравствена заштита во Охрид и охридско, но и личен пријател на Владимир Ленин. Во Охрид доаѓа во 1923 година со својот сопруг Владимир Каваев, којшто е роден охриѓанец. Владимир Каваев пак е приказна самa за себе. По професија бил доктор, учествувал во Октомвриската револуција, а во период од 1923 -1927 година бил градоначалник на Струга. Уште додека студирал во Стамбол како стипендист на Егзахијата, поради револуционерна дејност бил избркан од Стамбол, па продолжил со учењето во Бејрут. Таму, паралелно студирал и историја и медицина. По завршувањето на студиите на Институтот за историја на Блискиот Исток во 1916 година, излегува од печат неговиот „Англо-арапски, персиско-турски речник“. Ова се е премалку за да опишат биографиите на Елена и Владимир, но нека послужат само како поттик за понатамошно истражување.

Владимир Каваев, википедија на македонски јазик: https://bit.ly/3ki8YWB

.

Коментар за документарната емисија од Васко Гичевски.

ПостСкриптум. Со оваа документарна емисија, ја започнуваме објавата на серија на документи продуцирани во времето на Социјалистичка Република Македонија од страна на џинот МРТВ, коишто ќе ги ре-призираме на каналот „Гласни идеи“ означени како „Гласни идеи: Документарна“. Во таа смисла и го гледаме „отварањето“ на базата на МРТВ како комунитарно добро и наследство на сите коешто денес слободно може да патува низ дигиталниот простор, по дигитализацијата на дел од благото. Во очекување сме на комплетната дигитализација на фонотеката на МРТВ, како и на сите други емисии коишто се зачувани на мегнетни ленти и со голем ентузијазам ќе учествуваме во реплицирањето на таквото богатство во дигиталниот свет. Tука, им благодариме на одговорните во МРТВ за овој потег со којшто наталоженото во декадни наноси, коишто покриваат цел век на создавање на знаење, затоа што оваа разница ќе се реплицира во дигиталниот свет низ ентузијазмот на разни идеолошки групи коешто пак ќе овозможи нови „читања“ и нови дискусии за теми коишто сме ги под-заборавиле или оставиле на страна, што секако означува дека во смисла на дијалектика, мотивите од книгите, документите, писмата, видео форматите и други носачи на знаења, треба и мора да се пре-прочитуваат.

ИЗВОР: Aрхива на МРТВ http://arhiva.mrt.com.mk/

Припрема и опрема на документот од редакцијата на „Гласни идеи: Документарна“.

|2020-11-12T18:23:07+00:0012 ноември 2020|Актуелно, Видео / Фотографија|