Испадите на организираните религиозни институции заштитени во уставот во ек на пандемијата се тема на денешниот поткаст. Ова е прв дел од поткастот, во дискусија со Радан Митровиќ, основач на Скопското астрономско друштво, којшто се занимава со набљудувачка астрономија, астрофотографија, кој е исто така и дописник на странски магазини, атеист, човек којшто имаме можност да го видиме и во медиуми како ги коментира религиозните ствари. Во поткастот дискусијата води насока и кон односот на поединци во јавноста и за односот којшто медиумите го имаат во нивниот третман на религиозноста наспроти општеството.