Насилни борби избувнаа меѓу полицијата и пожарникарите на улиците во Париз за време на протестот за работните услови и платите. Француската полиција пукаше со водени топови и солзавец кон разгневените пожарникари – некои кои во име на протест се самозапалија за време на демонстрациите.
Синдикатите на противпожарната служба кои бараат подобра плата и работни услови, ја организираа демонстрацијата на Плоштадот на Републиката во главниот град Париз со цел да привлечат внимание за својата кауза. Тие бараат пораст на платите од 25% тврдејќи дека нивната работа е отежната поради намалувањето на бројот на вработени и нападите против нив. Пожарникарите претходно протестираа во октомври барајќи подобра плата, гаранции за нивните пензии и поголема почит за нивната професија.
Во Франција од Декември се забележуваат масовно незадоволство и немири кај работниците, при што синдикатите се мобилизираа против плановите на претседателот Емануел Макрон за реформи во пензискиот систем.