СКОПЈЕ, 30. 07. 2018 – Членовите на иницијативата „Го сакам Водно“ вчера пред седиштето на Град Скопје одржаа прес конференција. Прес конференцијата се одржа поради стационираната механизација којашто започна со копање на сртот на шумата Водно. Активистите на иницијативаста се револтирани и сметаат дека под итно треба да се повлече механизацијата и да се донесе јавна одлука со која ќе се реши понатамошната работа во тој дел.
„Искрено да кажеме МЕР ги има обезбедено скоро сите документи. Од сите документи коишто МЕР ги има обезбедено, нема обезбедено само дозвола којашто е за работа во заштитено подрачје. Има дозвола од Министерството за транспорт и врски, но во ниеден момент не е земено предвид дека тоа е заштитено подрачје. Има и документ којшто се однесува на животната средина. Но таа оценка од Министерството за животна средина и просторно планирање изработена е во 2011 година. Таму не е специфицирано за влијание на животна средина во заштитено подрачје, исто така не е специфицирано количината на шумски предел којшто ќе биде оштетен. Не е специфицирано кој вид на дрва ќе бидат оштетени. Самата студија е премногу општа, а е прифатена од Министерството за животна средина и одобрена“ истакна еко-активистката Татјана Стојановска.
Од иницијативата сметаат дека треба да се направи нова оценка за влијанието врз животната средина за заштитеното подрачје парк Водно. Тие истакнуваат дека трасата на којашто се работи е поради тоа што истата е финансиски е поисплатлива и временски пократка за обработка. Според тоа, сметаат дека финанскискиот и временскиот фактор не смеат да бидат над деградацијата на нашето природно богатство.
Од иницијативата се сретнале со вицепремиерот Кочо Анѓушев. Имало и втора средба на 16 јули, на таа средба Анѓушев ветил дека ќе го пренесе ставот на иницијативата до владата. Меѓутоа, и покрај средбите со Анѓушев, МЕР и владата продолжуваат со работа на Водно.
Од иницијативата бараат од владата да направи се што е можно по која било правна основа да го стопира тоа одобрение за градба.
„Што е можно поитно, багерите беа оставени на сртот кој непречено си започнаа со еднострано копање, веднаш да се тргнат од сртот, се додека не се формира конечна одлука во којашто ќе бидат ревидирани сите одлуки, за да знаеме што мисли владата и сите засегнати страни и институции во оваа земја“, побараа од иницијативата.
Во спротивно, пренесуваат од иницијативата, ќе сметаме дека владата донела некое преќутно решение или под притисок ги игнорираат одредени засегнати страни односно граѓаните, со еднострано одлучување.
Во живо од Град Скопје, прес за медиуми
Posted by Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно on Sunday, July 29, 2018