ЕУ платила за истражување кое докажало дека пиратеријата не е штетна, а потоа се обидела да го скрие

Во 2014 година Европската комисија нарачала истражување за влијанието на пиратските содржини врз продажбата од холандската консултантска куќа Ecroys за 360.000 евра.

Според Јулија Реда, единствената пратеничка од Пиратската партија во ЕУ парламентот извештајот бил завршен во 2015 година, но не бил објавен.

Извештајот заклучува:

„Општо земено, резултатите не покажуваат робустен статистички доказ за поместување на продажбата преку онлајн прекршувањата на авторските права. Тоа не мора да значи дека пиратеријата нема ефект, туку само дека статистичката анализа не докажува со доволна сигурност дека постои ефект. Исклучок е поместувањето на новите врвни филмови. Резултатите покажуваат стапка на разместување од 40 отсто, што значи дека за секои десет нови врвни филмови кои биле нелегално гледани, четири помалку филмови се конзумирани законски.“

Извештајот не извлекува никакви нови заклучоци, ниту ја поместува дебатата околу пиратеријата. Заклучоците се слични на оние од претходните студии. Вознемирува, сепак, самиот политички акт на необјавување на наодите.

Овој вид на истражувања се неопходни за добивање на јасна слика за тоа дали пиратеријата врши штета врз економијата. Кредибилни факти се посебно неопходни во светло на ЕУ реформите околу авторските права, кои наидоа на голема критика. Во врска со тоа, Реда вели:

„Тешко е да се каже дали оваа студија би влијаела на претстојната реформа на авторските права. Тоа не е првата студија што ја доведува во прашање конвенционалната мудрост дека кршењето на авторските права е секогаш лошо за бизнисот, и за жал, академските докази не секогаш влијаат врз креирањето на политиките, толку директно како што би се надевале.“

„Ова во моментов се демонстрира во дебатата околу плановите на Комисијата за поставување на филтри за качување (upload) за интернет платформите и дополнителни авторски права за сајтови за вести: Премногу политичари го игнорираат огромниот академски консензус дека овие планови ќе сторат многу повеќе штета отколку добро.“

„И покрај целата пофалба на, наводно базираната на, докази „подобра регулација”, се чини дека лобирањето и идеологијата на индустријата сè уште имаат преголемо влијание врз законодавството на Комисијата.“

До целиот текст на извештајот од 300 страници може да се пристапи овде.

|2017-09-26T12:51:29+00:0026 септември 2017|Актуелно, Вести, Економија, Свет|