Ерик Хобсбаум е широко признат како најистакнатиот историчар кој пишувал на англиски јазик за поствоениот период. Но, тој никогаш не беше само „радикален историчар“ во потрага по паралели од минатото за своите сопствени убедувања. Не, тој одеше спротивно од ветрот.
Како Марксист и експерт за буржоазското општествено уредување од 19-тиот век, тој немаше колеги. Во кампот на комунистичкиот „демократски централизам“ тој секогаш пишуваше за анархистичкиот „ општествен бандит“ многу умешно и се задлабочи во студирањето на работничките животи и пролетерските аутодидакти.
Како историчар на општеството и на економските „долги бранови“ тој создаде еден класик во автобиографијата. Како приврзаник на традициите на трудот, џезот и марксизмот помогна да се создаде едно ново поле во модернистичката конструкција на „измислени традиции“.
Дури и како сопственик на вила во Велс, и длабоко зачуден од локалната нетрпеливост кон странци тој создаде ремек дело за феноменот на национализмот.
Ерик Хобсбаум беше роден под британска власт во Александрија, Египет, а израснат е во Австрија и Германија, кадешто беше привлечен од кризната политика на Вајмарската Република. Во Централна Европа беше тешко да се биде млад човек кој верува дека либерализмот, напуштен од традиционалните приврзаници од средната класа долго може да му одолее на растечкиот интерес за строго диктаторство, било да е тоа од фашистички или пролетерски вид. Бидејќи тој имаше еврејско потекло и не му беше близок култот кон германската нација, Хобсбаум како ученик гравитираше кон Комунистичката партија.
Учествуваше во последната легална комунистичка демонстрација во Берлин пред нацистичкиот режим да ја уништи левицата.
Кога во 1933 г. се пресели во Британија, Хобсбаум беше мног добар ученик. Тогаш го откри џезот и го прифати, како што вели самиот, како нешто што му прилега на изгубен млад човек. Оваа желба за социјализирање како припадник на едно многу посветено и блиско малцинство можеби и била еден од факторите за неговата континуирана приврзаност кон комунистичката кауза. Низ неговиот живот тој често се навраќаше на конекциите од интернационалното движење за да се вмрежи и да најде пријатели. Тоа е она што овозможи неговите историчарски трудови да попримат една богата текстура, а другарите од левицата му овозможија директен контакт со „органските интелектуалци“ од многу земји.
Во Британија политиката не беше само нужен избор помеѓу фашизмот и пролетерската револуција и Хобсбаум го прифати враќањето на Коминтерната како Народен фронтизам во 1936 г, што и покажа на пошироката левица дека треба да се бараат сојузници во патриотските буржујски партии кои беа подготвени да се спротистават на милитаристичкиот ревизионизам на Германија, Италија и Јапонија. Како и повеќето британски комунисти од неговата генерација, и тој, иако ја признаваше инспиративната романтичност на болшевичката револуција од 1917, сепак го дефинираше Народниот фронт како важното наследство на интернационалниот комунизам.
Новонајдениот патриотизам на Народниот фронт несомнено му го подмачка патот кон елитната образовна институција на Апостолите при универзитетот во Кембриџ. Се сметаше дека како познат член на партијата не би бил од голема корист за Советското разузнавање. Тој никогаш не беше контактиран да шпионира за Русија, но во подоцнежните години тој обзнани дека би бил подготвен на тоа. Сепак, она што не го направи е да се приклучи на другарите во Шпанската граѓанска војна.
Хобсбаум го прифати пактот помеѓу Хитлер и Сталин, а Народниот фронт беше напуштен во име на прифаќањето на барањата на нацистичка Германија. Тој дури напиша и памфлет во одбрана на советската инвазија на Финска во 1939 г. Во еден титански свет, конфронтацијата помеѓу капитализмот со сите негови морбидности и комунизмот, човековата последна надеж, Хобсбаум ја прифати потребата за прифаќање на наредбите во една армија на револуцијата.
Крај на првиот дел.
Извор: jacobinmag.com