АТИНА, 04.05.2018 – На 22 април 2016 година, 250 активисти и бегалци го презедоа хотелот Сити Плаза во центарот на Атина. По економскиот колапс и владините политики на штедење, хотелот како и многу други бизниси беше затворен 6 години. Овој напуштен хотел беше трансформиран во центар за сместување на бегалци и разни социјални активности.
Заедно со бегалците многу други луѓе солидарно и заеднички сега управуваат со секојдневниот живот во хотелот. Нема никаква поддршка од државата. Но, секогаш во хотелот има добра храна, чисти ходници, аптека, фризерница, како и јазични курсеви, библиотека и правна поддршка. Сè што се одржува е на доброволна база и поддржано преку донации. И се разбира – сите одлуки се донесуваат колективно.
Сити Плаза има обезбедено бесплатен и пристоен дом за над 2200 луѓе во центарот на Атина, без оглед на нивната националност и статус на престој. Овие луѓе се сместени во 120 соби во хотелот, капацитетот издржува од 350 до 400 лица во исто време, од кои често – третина се деца.
Пред две недели, Сити Плаза прослави две години. Видеото што ќе го проследите, ја следи 12-годишната Рита како ги покажува артериите на хотелот, т.е. артериите на симболот на солидарноста – Сити Плаза:
Two years now we have been living and struggling together.And once again we will celebrate together and you are welcome to join us: 2 χρόνια/2 years #CityPlaza! Ζούμε Μαζί Γιορτάζουμε Μαζί!Living Resistance.#LivingResistance #Solidarity #CityPlaza
Posted by Refugee Accommodation and Solidarity Space City Plaza on Wednesday, 18 April 2018