„Друга приказна“, ќе трага по слобода, сон и љубов

СКОПЈЕ, 30.08.2017 – Од 8. до 10. септември, во просториите на Музејот за современа уметност, во Скопје, ќе се одржи второто издание на фестивалот за книжевност „Друга приказна“. Темата на овогодишното фестивалско издание е СЛОБОДА, СОН, ЉУБОВ. Лауреат на фестивалот годинава е писателот Влада Урошевиќ

На фестивалот ќе се читаат кратките текстови на Урошевиќ. Како на првото, така и на ова издание, ќе се водат разговори со писатели, интелектуалци, активисти, универзитетски професори, ќе се зборува за уметноста и револуцијата, ќе се одржи работилница и ќе се посветат моменти на неодамна згаснатиот живот на Огнен Чемерски. Крајот на фестивалот, со музика, ќе го обележат Томислав Вречар, ЕПП – Белград и Ненад Тонкин.

Неодамна беше објавен и манифестот на фестивалот, а порталот Окно.мк објави конкурс за кратки раскази на темата: СЛОБОДА, СОН, ЉУБОВ, што е и фестивалска тема.

|2017-08-30T11:12:18+00:0030 август 2017|Актуелно, Вести, Култура|