Донаторска „епидемија“ во Дуња во сабота

Редакцијата на „Гласник“ интегрално ви го споделува повикот на Социјалниот центар „Дуња“ на улица „Рајко Жинзифов“, број 22, веднаш позади автобуската постојка спроти Архитектонскиот факултет за донаторска акција на 3.10.2020 година (сабота) од 11:00 до 14:00 часот.

„Повик до сите „заразени“ со хуманост и солидарност!
На 03.10.2020 (сабота) од 11:00 до 14:00 во Дуња собираме донации за оние за кои што властите забораваат дека постојат.
Во услови на зголемена невработеност и поскапување и на основните артикли за исхрана, многу луѓе останаа да висат на работ на егзистенцијата. Наша задача е да бидеме солидарни и да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно.
Во дворчето ќе ве пречекаат нашите волонтери со ракавици и маска, ваша работа е само на кратко да им предадете она што ќе го донесете.
Донациите подоцна ќе бидат предадени во најголем дел на социјални случаи, останатото ќе може да си земе оној кој има потреба.
Донациите вклучуваат: храна, облека, средства за хигиена, училишен прибор, парични средства…

Се гледаме…“

|2020-10-02T11:17:12+00:002 октомври 2020|Актуелно, Вести|