Најпрофитабилните 200 компании во државава имаат добивка од околу 1,2 милијарди евра. Плаќаат данок на добивка од само 8%. Ако се воведе прогресивен данок на добивка, со стапка од 20% на добивката која надминува 1 милион евра, ќе се соберат дополнителни 100 милиони евра.
Најбогатите 1% во државава заработуваат вкупно околу 600 милиони евра годишно. Плаќаат данок на личен доход од само 8%. Ако се воведе прогресивен данок на личен доход, со стапка од 20% за доходот над 1500 евра месечно, и 30% за доходот над 2500 евра, ќе се соберат дополнителни 50 милиони евра.
Најплатените 250 директори во државава имаат сите плати над 10.000 евра месечно. Плаќаат придонеси за социјално осигурување од само 9%, за разлика од нас обичните смртници, кои плаќаме 28%, поради горниот лимит на износот на придонеси кој некој може да го плати. Ако се укине тој лимит, ќе се соберат дополнителни 10 милиони евра.
Да, доколку ги направите овие работи, ќе опфатите и некој од власта. Ќе опфатите и некој од вашите советници. И од вашите пријатели, и од вашите донатори. Ама нема да ги опфатите 99-те проценти од луѓето во оваа држава, оние кои ве донеле на власт, оние за кои треба да работите. Дали ќе ги изберете нив, или ќе ги изберете богатите и моќните, чекаме да видиме.
Текстот е првично е објавен како статус на фб профилот на Бранимир Јовановиќ.