Даниел Ѓорѓевски: „Зошто не треба политиката да го злоупотребува минатото“

Колективната меморија им дава на луѓето чувство на припадност. Историјата помага да се објасни светот. Заедничкото гледиште за историјата може да го мотивира луксузното дејствување кое има моќ да ја менува иднината. Историјата е субјективна и е насочена кон различни толкувања. Многу политичари го искористиле разидувањето на историјата за да ги постигнат своите цели.  Секоја земја и секоја генерација треба да се справи со сопственото минато, но тоа не треба да се направи со промовирање на митови или со користење на политички мотивирани толкувања. На тој начин ние придонесуваме последователно да ја намалиме  колективната меморија и историјата што ни ја оставиле нашите претходници и затоа треба да ги искористиме соодветно и искрено.

Манипулацијата на историските и материјални добра кои ги поседуваме создаваат раскол имплицитно во општеството, а така се создава раскол што резултира со зголемување на јазот помеѓу културните вредности. Ваквата артифициелност и напрегнатост на системот го постулираат градењето на колективна свест за тоа што е добро, што е зло, кој е патриот, кој е предавник, несвесно создавајќи машинерија која стануваа механизам за општествена поделба. Во нашето општество тоа е најдобар пример. Поделени во три групи: соц–реалисти, традиционалисти/конзервативисти, и т.н. модернисти, градењето на колективна меморија во која има предавници и херои создава арена во која преовладува класичниот модел: Divide et impera. Во такво општество каде имаме сè уште силно нагласен конзервативизам, притоа многу мало познавање на минатото, истото тоа минато и неговите културно – историски добра се апарат преку кои се користат механизим за   создавање на таквата изманипулирана колективна меморија.

Политиката е дискурс кој постојано се редифинира, тоа е јасно, но дали минатото заслужува таков третман?  Политиката е комуникација, затоа ние мора да проучуваме кој со кого говори и како говори. Целта на еден политичар е да постигнува цели и да придонесе во нивниот  развој, но не со манипулирање на минатото. Дали политиката  треба да ги определи линиите на историското толкување? Дали политичките елити треба да пропишат и предвидат кои историски наративи треба да се дозволени, а кои забранети? Да го земеме за пример Третиот Рајх на Адолф Хитлер. Хитлер ја искористил власта распоредувајќи политичка реторика која се обидувал да го врати минатото, да го врати националното закрепнување и да ја врати земјата во германската слава и повторното раѓање на чувството да се биде Германец. Оваа програма рутински вклучувала политичка инструментализација на минатото/историјата.

Создавањето на национална свест е приоритет, несомнено, но истата не може и не смее да биде водена од манипулирање со историски факти кои тесно се поврзуваат со културни добра. Мора да бидеме свесни дека најголемата опасност денес не е добро познатиот конфликт меѓу историјата и политиката, туку структурниот и институционализиран консензус. Ние сме мултикултурна и мултиетничка држава. Во одредени територии живее мнозинско едно, во други територии друго население. Што доколку се нагласува и во двете средини силниот етноцентризам? Се нагласува моќта на едната врз другата култура? Контрастирајќи го миметикот и катартичкиот пристап кон историската култура, ја наоѓаме најважната културна гранична линија помеѓу оние кои ги создаваат артифициелностите. Мора да бидеме свесни дека никогаш  сојузот меѓу политиката и историјата не се клучот за правење разликата, туку основната парадигма на сеќавање: херојување наспроти виктимизација, верба во континуитет или дисконтинуитет на историјата, идентификација со национални и предавнички традиции или идентификација со надминување на тие традиции. Тие се линиите за разделување што одредуваат столбовите на тензија, мостовите и противречностите во рамките историска свест помеѓу разликите на нашата сегашна ментална карта.

 

Пишува: Даниел Ѓеорѓиевски

 

Редакцијата на „Гласник“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.

|2020-07-09T09:19:20+00:009 јули 2020|Актуелно, Култура, Став|