Фирмата што ја нарачала изработката на познатата статуа „Бестрашното девојче“ (Fearless Girl) во финансискиот центар на Њујорк се согласила да плати 5 милиони долари спогодбаа заради дискриминација на вработените жени и малцинства.
Во спогодбата, Секретаријатот за труд на Соединетите Држави ја обвинува компанијата и дека 15-те црни потпретседатели добивале значително помала плата од нивните бели колеги.
Компанијата го негира обвинувањето, но сепак се согласила на спогодбено испаќање казна од 5 милиони долари.
Статуата „Бестрашното девојче“ привлече значително внимание во светските медиуми. Таа е поставена наспроти славната статуа на разјарениот бик. Статуата на девојчето е поставена во поза на пркос кон моќта, посебно кон финансиската моќ на Волстрит која е генерално сконцентрирана во бели, хетеросексуални мажи.
Компанијата State Street Global Advisors при поставувањето на статуата изјави дека целта на поставувањето на оваа статуа за време на Меѓународниот ден на жената е да се „прослави моќта на жените во лидерството, и потенцијалот на наредната генерација жени лидерки.“
Иако статуата требаше да биде тргната порано, сепак беше одлучено таа да остане до Меѓународниот ден на жената на 8 март 2018 година.
Сознанието за платежната дискриминација на жените во компанијата беше дочекано со значителни критики од страна на јавноста. Компанијата очекувано беше обвинета за хипокризија.