БЕРТОЛТ БРЕХТ: „Без наслов“

Велиш, со нашите нешта работите стојат лошо.

Темнината е се’ погуста. Силите се се’ послаби.

Сега – откако работевме толку години,

во потешка положба сме отколку на почетокот.

А непријателот е пострашен од кога и да било.

Неговите сили како да се посилни.

Добил непобедлив изглед.

А ние направивме грешки – тоа не може веќе да се одрекува.

Нашите редови опаѓаат. Нашите пароли се во безредие.

Дел од нашите зборови непријателот ни’ ги изопачи до непрепознавање.

Што е погрешно од тоа што го зборувавме?

Малку или се?

На кого уште сметаме?

Дали сме оставени – исфрлени надвор од текот на животот?

Дали ќе подзастанеме, не сфаќајки веќе никого – ниту од кого било разбрани!?

Дали мора да имаме среќа?

Така прашуваш…

Не очекувај никаков одговор – ОСВЕН СОПСТВЕНИОТ.

|2017-07-31T13:57:34+00:0031 јули 2017|Актуелно, Култура|