Берлинска филхармонија ја отвори својата архива до 31 Март

На 13 март, 2020 година Берлинската филхармонија излезе со соопштение до јавноста дека ги отвара дигиталните архиви на снимени концерти до 31 март, 2020 година. Месечната претплата изнесува речиси 15 евра или околу 1.000 денари, што навистина мора да се признае дека за македонскиот стандард не е малку, но точно е дека цената е еднаква како да сте се приклучиле на некој сајт кој има месечна претплата за серии.

Она што вреди да се знае за Берлинската филхармонија е тоа дека таа е една од најдобрите на светско ниво и покрај тоа што не е една од најстарите културни институции во Европа. Историјата на Берлинската филхамонија започнува во 1867 година кога германскиот диригент и композитор Бенџамин Билсе основа оркестар во Берлин, кој тпо бил доста добар, па бил поканет да настапува во другите развиени градови од Северна Европа, но за еден настап одејќи за Варшава, културните работници од оркестарот биле испратени со воз од четврта класа, па така група на музичари го напуштаат овој оркестар и ја создаваат Берлинската филхармонија во 1882 година, а нејзин прв диригент бил Лудвиг фон Бренер. Најдолго на позицијата орв диригент се задржал Херберт фон Карајан, и тоа цели 45 години. Денеска директор на Филхармонијата е Кирил Петренко, руски Евреин од Омкс, Руска Федерација. Има многу да се зборува за Берлинската филхармонија затоа што има многу важна историја за развојот на европската култура, но овој симфониски оркестар е еден од најдобрите во светот исто така.

Можеби би било убаво Македонската филхармонија да ни даде една ваква можност за уживање, па македонските граѓани да имаат понепосреден допир до културата, особено во време на изолација и самоизолација, односно во време на светска пандемија на корона-вирусот, но додека културата и просветата да станат бесплатни и достапни за секој од нас искористете го тоа малку што може да се добие.

Лудвиг фон Бренер

Херберт фон Карајан

Кирил Петренко

|2020-04-11T21:04:16+00:0016 март 2020|Актуелно, Вести, Култура, Свет|