ЛОГИКА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ МУДРОСТИ: ИНКОМПАТИБИЛНОСТ

„Гласник“ деновиве ќе објавува логички лекции во кои што ќе бидат доближани до публиката логичките функции преку нивната потсвесна употреба во македонските народни мудрости. Првиот дел од овој серијал ќе биде наменет за логиката на исказите.

Инкомпатибилноста е таков логички сврзник кој што сврзува два елементарни искази со помош на знакот „/“, кој што се нарекува Шеферов знак во чест на американскиот логичар Хенри М. Шефер и сврзникот „не е случај … и …“. Инкомпатибилноста е спротивна на конјункцијата, односно таа е лажна секогаш кога двата нејзини составни искази се лажни.

Во нашиот случај на испитување на работничката изрека „Не е случај работа и плата.“ вака ќе ги поделиме елементарните искази за да стане јасно за што станува збор. „Ти имаш добра работа.“ (p), тука под добра работа се мисли работно место каде што се почитува законот за работни односи, и „Ти имаш добра плата.“ (q), а тука се мисли дека платата е над 500 евра. Кога ќе ги поврземе со сврзникот на инкомпатибилноста се добива следниот исказ „Не е случај ти да имаш добра работа и добра плата.“ (p / q). Таблицата на вистинитоста е следната.

Ти имаш добра работа.

(p)

Ти имаш добра плата.

(q)

Не е случај ти да имаш добра работа и добра плата.

(p / q)

В В Л
В Л В
Л В В
Л Л В

Од ова се заклучува дека припадниците на работничката класа што го креирале овој наратив дека „Не е случај и работа и плата.“ сепак во предвид во размислувањето на ум ја имале инкомпатибилноста затоа што и во реалноста се потврдува изгледа ова правило. Ако платата е добра, тогаш работата е мачна. Ако пак, работата е лесна, лесна е и платата. Што значи ако некој каже дека му е погодено или лаже или пак сосема различно гледа на овие прашања.

Прашања за размислување:

  1. Што е работата?
  2. Што е плата?
  3. Работа или плата?
  4. Работа и плата?

Ќе завршиме со рејекцијата.

|2021-07-06T06:50:15+00:006 јули 2021|Актуелно, Култура|