Абул Ала ал Ма’ри
Две рубајати од „Лузумијат“
1.
Тмурните крилја на ноќта денот го гонат
Преку опални ридја, откривајќи како в соништа тонат
Чудесните ѕвездени камења што огнените сонца
Долж својата пламена патека ги ронат.
2.
И дали би тргувал со оној што да направи знае
Ќилими од виножата ил’ виножито од змија да е
Змиии од бастуни, и други несекојдневни нешта?
Жедта вжарена во привидот уште посилно да сјае.
Напишана: 973 -1057
Препев: Андреј Ал-Асади