„Работниците во Македонија се експлоатирани, доминирани, не се доволно платени за својата работа, им ги кршат и правата што им ги дава законот, им го газат достоинството. Некои од нив едвај успеваат да врзат крај со крај, а некои живеат во сиромаштија, дури и кога се во работен однос.
А сепак, слаб е нашиот отпор. Има малку солидарност и здружување за борба, а многумина себеси не се гледаат ниту како работници. Зошто е така? Кој треба да нѐ ослободи? Дали воопшто сакаме да бидеме ослободени? Или само сакаме да бидеме подобро платени? И кој треба да се избори за повисоките плати?
Во пресрет на Први мај, Интернационалниот ден на работниците, во услови кога расте невработеноста и сиромаштијата, ве покануваме да продискутираме на овие и поврзаните теми.“
Говорници на трибината ќе бидат: Здравко Савески
Зоран Василески и
Александар Митров
Зоран Василески и
Александар Митров
Модератор: Џејлан Велиу
Настанот ќе се одржи на 28.04.2021 (среда) со почеток од 17 часот, на отворено во дворчето на С.Ц. Дуња, со почитување на сите здравствени мерки.
Изјавуваат од колективот на СЦ „Дуња“ и колективот на „Гласни идеи“.