ВР претставување на новата колекцијата на модниот бренд „Лудус“

Најавна фотографија за новата колекција на брендот „Лудус“

Модната линија „Лудус“ ја промовираше новата колекција есен-зима 2021/22 насловена „Пост-родовост IV“ преку виртуелен шоурум.

„Во услови на пандемија и ограничување на движењето и директните контакти во секојдневието, решивме да ја искористиме ВР технологијата и колекцијата да ја претставиме во виртуелен шоурум, салон, каде посетителите ќе можат да направат непосредна прошетка, да ги погледнат одблиску парчињата што ја сочинуваат оваа колекција.“ – вели дизајнерот Драган Христов.

Проектот беше изведен во денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје, со моделите поддржувачи и пријатели на брендот како и моделите од модната агенција „Models In“ од Скопје.

Колекцијата е четврт дел од низата колекции насловени како „Пост-родовост“ и ја застапува темата на родова рамноправност и футуристичката визија за елиминирање на родот и родовите улоги. Истовремено таа е формално истражување на родовата неутралност преку модниот јазик и концептно продлабочување на естетиката на брендот започната пред неколку сезони.

Со почетокот на пандемијата „Лудус“ ги зајакна принципите на одржливост и етичко производство, па така и овој пат во колекцијата застапени се рачно и природно обоени текстилни парчиња, како и ботанички обоена волница од која што се направени рачно плетени џемпери/фустани со издолжени пропорции.

Погледенете го промотивното видео за виртуелниот шоурум.