Следење и влијаење на климатски политики на меѓународно ниво

Живееме во моментот кога државата и светот се наоѓаат во комплексна кризна состојба која претставува мешавина од здравствена, општествено-економска и климатска криза. Пандемијата ковид-19 ја нагласи кревкоста на општествено-еконоскиот систем во кој живееме, како и нееластичноста на неговите структури кои тешко се справуваат со товарот кој го нанесуваат моменталните состојби на локално, национално и меѓународно ниво. Имајќи ја во предвид неопременоста на актуелниот систем за ефективно и праведно справување со кризи и намалување на последиците од истите, а кои најсилно ги чувствуваат најранливите членови и заедници во нашите општества, замавот кој го зема климатската криза е уште позагрижувачки.

Граѓанското дејствување во насока на ублажување на климатската катастрофа како и адаптирање кон промените кои ги носи истата е од огромна важност. Дел од ова дејствување се однесува на повикување и на властите и на најголемите придонесувачи кон влошување на кризата, на одговорност. Згора на тоа, од особена важност е и придонесот на граѓанското општество кон креирање на политики кои ќе бидат вкоренети во решавањето на реалните проблеми со кои се соочуваат заради кризата, особено најмаргинализираните индивидуи и заедници.

Граѓаните, граѓанските организации и движења се соочуваат со голема одговорност пред себе. Следење и моќно и здружено влијаење на донесувачите на одлуки особено во сферата на климатските политики е сега потребно повеќе од било кога, на секое општествено ниво; од локално, до национално, до меѓународно. Во текстот подолу споделени се неколку практики и алатки за следење и влијаење на климатските политики на меѓународно ниво.

Следење на климатските политики на меѓународно ниво

Одлуките околу климатските политики кои се носат на било кое ниво мораат да бидат базирани на легитимни научни истражувања и откритија. Бројни научни списанија ги нудат потребните информации за издржани научни позадини на процесот на носење одлуки, а во сферата на климатската криза особено многу истражувања и извештаи објавува Меѓувладиниот Панел за Климатски Промени – The Intergovernmental Panel on Climate Change (IPCC). Освен следење на објавите на погоре спомнатите, следниве мрежи на истражувачи ги обелоденуваат врските помеѓу науката и донесувањето на климатски политики на меѓународно ниво:

Најрелевантната меѓународна институција клучна за следење на информации за климатски политики кои се креираат на меѓународно ниво е Рамковната Конвенција на Обединетите Нации за Климатски Промени – United Nations Framework Convention on Climate Change (UNFCCC). Во организација на истата, секоја година се одржува значаен собир на национални делегати и граѓанско општество од целиот свет наречен Конференција на страните – Conference of the Parties (COP), односно COP26 која треба да се одржи по 26-ти пат.

Медиуми и новински агенции кои објавуваат значајни информации во однос на глобалното носење на климатски политики се следните:

  • Новинската агенција The Climate Herald чија цел е да прави јасен преглед на науката и политиките за климатската криза и да ги демистифицира најважните информации за Централна и Југоисточна Европа со главен фокус на Северна Македонија;
  • Меѓународни медиуми кои најчесто известуваат на тема климатски промени (на пр. The Guardian Environment).

Покрај погорните, бројни меѓународни групи, организации и движења и мрежи на активисти и граѓанско општество кои редовно објавуваат релевантни информации се следните:

Влијаење на климатските политики на меѓународно ниво

Ефективно влијаење на одредени климатски политики на меѓународно ниво може да се постигне со негување на цврсти соработки со граѓански групи / движења / иницијативи кои работи на проблемот и дејствуваат на меѓународната сцена за климатска правда. Практиките на влијаење на ова ниво се слични со оние на влијаење на национално ниво:

  • Дали веќе постои група / движење / иницијатива која работи на проблемот? Доколку одговорот е да, контактирајте ги, понудете да придонесете на начин на кој можете. Доколку не постои група која веќе работи на конкратниот проблем, идентификувајте потенцијални соработници од регионот или пак од конкретната сфера и вие започнете движење;
  • Започнете широка кампања за надминување на проблемот;
  • Најдете ја поврзаноста помеѓу меѓународните политики и националните последици и политики и лобирајте ги носителите на одлуки, релевантните национални преговарачи и делегати кон Рамковната конвенција за климатски промени на ОН и контактирајте ги преку писма, претставки, е-маилови, со директен контакт (лице во лице;
  • Учествувајте на меѓународни собири како дел од граѓанско општество и бидете гласни со издржани аргументи;
  • Контактирајте ги релевантнинте донесувачи на одлуки во Европската Унија преку писма, е-маилови, и др.;
  • Приклучете се на Балканската Коалиција за Зелен договор и придонесете кон Балканскиот Зелен договор и Балканскиот План за зелено и праведно закрепнување.

Погорниот текст е извадок од брошурата „Алатки и практики за следење и влијаење на климатските политики на локално, национално и меѓународно ниво“. Таа е изготвена со цел да се опремат граѓаните и граѓанските организации со потребните алатки и практики за следење, анализирање и влијаење на политиките поврзани со климатската криза, на локално, национално и меѓународно ниво. Целата брошура е достапна за бесплатно превземање овде.

Брошурата е изготвена како еден дел од проектот COP25 Watch (Климатски набљудувач) кој е имплементиран во текот на 10 месеци, од средината на ноември 2019-та година до средината на септември 2020-та година, од страна на Еко Правда Валандово, со финансиска поддршка од програмата на мали грантови на Цивика Мобилитас.

Авторка: Симона Гетова


Симона е докторант во областа на политичката екологија на катедрата за политички и социјални науки на Универзитетот Помпеу Фабра во Барселона. Таа е организатор за климатска и социјална правда и работи на пресеците на политичкото образование, управувањето и колективното делување за социјално-праведни и еколошко-здрави заедници на Балканот и пошироко.

|2020-12-12T15:24:16+00:0012 декември 2020|Актуелно, Вести, Екологија, Економија, Здравје|