Нешто за Рики Томлинсон

На денешен ден – 3 Октомври, 1973 година, почна судењето на познатиот актер Рики Томлинсон, а тогаш малтерист, со уште пет други градежни работници за нивната улога во националниот штрајк на градежните работници претходната година. Одбивајќи да сведочат против други градежни работници тие беа осудени за „заговор за заплашување“ врз основа на закон од XIX век што не бил користен веќе 98 години. Томлинсон беше осуден на две години казна затвор, а поголемиот дел од казната го поминал во самица поради неговото одбивање да носи затворска униформа врз основа на тоа што таа го означувала како криминалец. Тој станал социјалист во затворот откако му била дадена копија од „Парталавиот разбрануван филантроп“ (анг. “The Ragged Trousered Philanthropists“).

 

Превод: Никола Шиндре

Извор: Working Class History

|2020-10-03T08:17:00+00:003 октомври 2020|Актуелно, Култура|