ВО ПЕТОК: Протест по повод Глобалниот ден на климатска акција

 

Македонскиот огранок на Петоци за иднината (Fridays for Future) заедно со Сојузот на средношколци и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Кирил и Методиј“ најавија дека се приклучуваат на Глобалниот ден на климатска акција.
Во петок, на 25ти септември тие ќе организираат седечки (sit-in) протест пред Владата на Република Северна Македонија.
Овој протест за цел има вршење притисок врз политичките елити конечно да почнат да спроведуваат политики за справување со климатската криза, почнувајќи од воведување на климатската проблематика во формалното образование.
Од организаторите на протестот најавија дека ќе се почитуваат сите мерки за безбедност од КОВИД-19.
На овој линк може да го видите настанот на социјалните мрежи за одржување на протестот.

|2020-09-23T09:24:19+00:0023 септември 2020|Актуелно, Вести, Екологија|