Порано било полесно…
Штампаш револуционерни весници и ги делиш по работниците во фабриките. Останатото население не знае да чита и пишува, единствена теорија што ја слуша е светото писмо од локалниот поп. Револуционерната база- пролетеријатот е концетрирана во неколку града- индустриски центри и таму треба да се одигра револуцијата. По заземање на власта следи описменување на населението низ социјалистичко образование.
Денес е потешко…
„Новото нормално“ не е нов феномен предизвикан од корона вирусот. Новото нормално е постиндустриската информатичка револуција која произведе фриленсери (поточно „неосигурани работници од дома“). За понеснаодливите и понесреќните, сега „најновото нормално“ ќе биде – седи дома невработен на минимална државна помош.
Овие сега два паралелни процеса не враќаат во прединдустриска фаза на прекинати социјални врски, т.е во времето на семејните задруги. Сега телевизорот е локалниот поп од кого слушаме некаква теорија. Иако плурален поп е тоа кој не шири една правоверна вистина, сепак границите се јасно исцртани во насока на одржување на посточките односи.
Сега сите знаат да читаат и пишуваат, но за разлика од пред еден век, нема пишани весници, туку има смартфони од кои влегуваме во царството на порталите што одработуваат нечии тесни агенди. Останатото е слободниот пазар на кликбејтови- сензационалистички наслови и видеа пократки од 3 минути.
Како да се пренесе револуционерна содржина во една слика или во пола страница текст?
Социјалните мрежи каде царуваат мимови, слики и кратки текстови овозможуваат гребење по површината на напластените проблеми. За нивно решавање треба подлабоко копање…
Затоа револуционерен успех е да се охрабрат луѓето повторно да читаат.
Ново описменување е потребно…
Извор: ФБ статус на авторот
Ставовите изразени во текстот не нужно се поклопуваат со ставовите на редакцијата на „Гласник“.