За борбата на Груп Јорум веќе знае цел свет. Груп Јорум е група која постои веќе 35 години. Во нивното постоење многу пати биле мета на капиталистичкиот систем и империјализмот, затоа што во нивните песни ја опеваат борбата против капитализмот и имеријализмот.
Многу од нивните членови низ годините биле осудувани на тешки затворски казни обвинувајќи ги дека се членови нa DHKP – C (Revolutionary People’s Liberation Party/Front), партија којашто турската власт ја има прогласено како терористичка партија. Прогонот кон Груп Јорум не е нешто ново, како што многумина милуваат да да го претставуваат. Обично тоа го прават опозициските партии кои сакаат да се пресметаат во владеењето на Ердоган. Прогонот кон нив започнува со самото нивно формирање уште од 1985 година. Секоја власт била против нив, така како што против нив е и денешната власт во Турција.
Пред речиси три години, Груп Јорум добија забрана за одржување на концерти. Членовите на групата не можејќи да се помират со оваа одлука почнаа на најразлични начини да протестираат против оваа одлука. Некои од нив се одлучија да штрајкуваат со глад, додека нивните барања не се исполнат.
Во последниот месец загина Хелин Болек, на 288 ден од штрајкот. После неа, загина Мустафа Кочак, на 297 ден од штрајкот, а денес на 07.05.2020 година, почина и Ибрахим Гокчек. Ибрахим, пред два дена го прекина неговиот штрај на 324 ден, поради што институциите пристапија да преговараат со членовите на групата, но Ибрахим не идржа, денеска почина во болницата во која беше згрижен.
На нас останува интернационално да се избориме за Груп Јорум повторно да може да одржува концерти и да ја слушаме нивната музика и да не ги заборавиме, за нивната жртва да не биде залудна.
Џејлан Велиу