Почитувани читатели, слушатели, гледачи, другари и другарки,
Редакцијата на „Гласник“ ви го честита Меѓународниот ден на трудот и работникот!
Ви ги пренесуваме и денешните гласни вести од иднината кои пристигнуваат до радиото на „Гласник“.
„Честит Први мај! Да живеат работниците од минатото и од иднината! Почнете да се борите за да живеете и вие драги наши соборци од 2020 година! Вие сте! Не бидете така!“
…
„Среќен да е Први мај на сите жени кои ќе станат против капитализмот кој нема да е целосно срушен ни сега во 2050 година. Во 2038 прв пат буржујките ќе излезат на протест за поддршка на текстилните работнички.“
…
„Среќен празник на студентите. Ние денеска ги славиме имињата на синдикалните борци кои ја покренаа борбата за работничка правда. Првиот генерален штрајк ви претстои дури во 2031 година.“
…
„Среќен празник на неродените работници, ги учиме нашите идни генерации дека во 2014 имавте Студентски пленум, а во 2036 и масовните студентски протести кои го поттикнаа Првото работничко востание. Тие се сега мали, но во 2036 ќе бидат паметни.“
…
„Среќен празник на работниците кои ќе излезат уште денес да се борат за правда, ние ги славиме нивните имиња најмногу затоа што тие први излегоа на улиците за леб, работа и плата.“
…