Почитувани читатели, слушатели и гледачи на „Гласник“ ве известваме дека рано изутринава радио „Гласник“ доби вести од иднината… Вестите од иднината ги именувавме Гласни вести од иднината затоа што радиосигналот беше толку јак што за малку ќе му ги распукаше ушните тапанчиња на шефот на одделението за прием на радиобранови.
Ќе ви ги пренесуваме вестите како што стигнуваат, а денеска интегрално ги споделуваме со вас вестите од иднината што пристигнаа во текот на денешниот ден.
…
„Здраво! Овде е Мирјана Талевска, ние сме 2050 година и сакаме да ги искомуницираме граѓаните од 2020 година. Ви ја праќаме оваа порака за да ви го честитаме Први мај, претпоставуваме дека првата порака ќе ја примите на 29 Април, а последната на 2 Мај.“
…
„Би сакале да ви кажиме дека немате преостанато многу време додека да треба да почнете да дејствувате. Многу сте близу до тотален колапс. Денес сè уште трпиме последици од тоталниот колапс.“
…
„Ние живееме многу добро сега, но да знаете дека тоа добро е многу поразлично од вашето добро денес… Ние многу се променивме за да бидеме она што денес сме, а вие треба да станете за брзо.“
…
„Имате многу кратко време да престанете да фрлате ѓубре и да трошите како луди, ние уште чистиме токсичен отпад од депониите на 2020 година. Преспа е одамна пресушено, а денеска таму работат 10.000 млади работници за да произведат јаболка!“
…
„По декада суша конечно добиваме чиста вода за пиење, а вчера прославивме година дена „Воздух за секој“ – нова акција за спас на правото на здив. Имаме нови 20.000 вработени работници садачи на дрва за воздух.“
…