Земјоделците чекаат прилив на пари за ланската реколта;
Селаните чекаат фекална канализација во 21виот век;
Работниците чекаат прилив на плата за месец август 2019;
Невработените чекаат влез на работно место со минимална плата;
Културните работници чекаат нов колективен договор;
Лекарите и медицинските сестри чекаат пари за функционирање на болниците;
Социјалните случаи чекаат само да помине месецот;
Средношколците чекаат некоја солидна, а ефтина екскурзија;
Студентите чекаат влез на топла вода за туширање;
Болните чекаат три месеци влез за КТ во Клиниките ширум државава;
Болните од карцином чекаат хуман третман од лекарите;
Дијабетичарите чекаат ред, ред и ред за инсулинска терапија;
Сиромаштијата чека да излезе стотка од некој џеб за леб и мизерно пире;
Сите ние чекаме леб, работа и плата.
Дајте да не чекаме повеќе за ова! Остајте ЕУ! Ова е тоа што се чека тука.
Автор: Никола Шиндре