СКОПЈЕ, 18. 06. 2019 – Пред неколку дена на релативното тесната, но сеуште празна површина позади автобуската постојка спроти Архитектонски факултет изникна некој вид на постојана и цврста градба со приближна површина од шест наспрема четири метри, класична челична конструкција со кров.
Сопствениците на локалните објекти се уверени дека се е согласно законот и процедурата затоа што во спротивно до сега истава оваа градба ќе беше турната, исто како што се турнати и другите градби низ Општина Центар и во Дебар маало, но се поставува прашањето за несоодветното урбанистичко планирање, лошото планирање на зелени површини во градот, но и најважното оттуѓувањето на јавниот простор.
Граѓаните иако револтирани и загрижени веќе се чувствуваат немоќни пред неправдата со која се соочуваат. Сите се сведоци на одземањето на јавниот простор и препуштање на приватни конценсионери. Па, многу поважно од мораториум за градба е поставувањето на ова прашање по важност од јавен интерес, законите мора да обезбедуваат практична примена на јавниот простор, тој да биде за сите, а особено за најслабите.
Малобројните и мали по површина празни места во градот треба да се планираат согласно потребите на граѓаните. Треба да се исцртуваат се повеќе и повеќе велосипедски ленти и вело паркинг места, треба да се засадуваат дрвја за да може да се постигне барем за малку поширока зелена површина. Треба да се ставаат клупи за починка, како би можеле сите да одмараат на јавен и достапен простор. На крајот, тој празен простор може да остане и празен. Можеби на овој град тоа и му фали.