Дабари во Баду

СКОПЈЕ, 17. 05. 2019 – Во Сабота во 18 мај во Баду Бар во Скопје, со почеток во 12 часот ќе се изведува изворна музика од Јамајка.

Идејата за создавање на саунд систем  тлее со години. Дабари саунд е иницијатива за разгорување на истата, формирана во 2018 г. во состав: Стелиан , Дарко и Диме.

Нивните настапи вклучуваат промоција на реге, даб и џангл звуци исклучиво на винили, а поткрепени со вокал и пропратни дувачки инструменти во живо. Пораката која сакаат да ја пренесат е дека „единствен добар систем е саунд систем.“

Дел од музиката можете да ја чуете на следниов линк.