УКРАИНА, 09.07.2018 – Над 20 напади врз ромските населби, најмалку двајца убиени и неидентификуван број на ранети: ова е билансот на нацистичкото насилство во Украина само во последните два месеци. Последниот инцидент се случи минатата недела. Десничарската банда упаѓајќи во привремената населба на ромите во регионот на Закарпатија, тамошните жители ги нападна со нож.
Се разбира дека, со нивната “акција”, тие се пофалија на социјалните мрежи, објаснувајќи како ја штитат Украина со тоа што ја чистат од ромите. На една триесетгодишна жена, која не успеа да избега, и беше пресечен вратот. Само десетина дена претходно, еден човек беше убиен на ист начин, а во серија напади со палки, лептири и друго ладно оружје повредија десетици луѓе, вклучувајќи и деца.
Овие злосторства се најмногу слични со оние што членовите на “исламската држава” ги извршуваа во изминатите години. Но, додека нивната бруталност поттикна речиси целиот свет да се внесе и придонесе за уништување на таа група, злосторствата на украинските таканаречени националисти очигледно минуваат без реакција. Всушност, како што предупредија организациите Хјуман рајтс воч и Амнести интернешнал во еден неодамнешен извештај, Украина има клима на тотална неказнивост за расистички злочини.
Ова, меѓу другото, ја илустрираше и реакцијата на полицијата за последните убиства. Додека извршителите на убиствата отворено се фалеле како спроведувааат „расно чистење”, полицијата се обидувала да ги скрие информациите за мотивите на сторителите и националноста на жртвите, тврдејќи дека нема докази за „криминал од омраза”.
Заедничка одговорност
Исто така, треба да се забележи дека во полицискиот извештај, ритуалното колење е наречено “тешки повреди на вратот”. Причината за тишината не е само фактот дека жртвите се „невидливи” роми, туку и геополитика. Имено, фактот што нацистичките групи можат да се извлечат за овие злосторства е добар дел од внатрешната динамика на превратот што пред четири години го поддржаа и помогнаа САД и Германија. Двегодишниот конфликт на двете групи олигарси заврши во 2014 година со победата на „прозападната група“, а важна улога во оваа победа ја играа разни групи на улични нацисти чии лидери и други истакнати членови беа „наградени” на високи позици во полицијата, армијата и другите државни институции.
Неодамна, мал скандал ја предизвика посетата на претседателот на украинскиот парламент Андриј Парубиј во Соединетите Американски Држави кој одржа средба со американскиот колега Пол Рајан. Имено, иако овој политичар е официјално претставен како претставник на нова, демократска Украина, всушност е човек кој пред неколку години беше најдиректно вклучен во украинското нацистичко подземје и лидер на две улични банди одговорни за физичко насилство врз малцинствата. На овој факт беа предупредени од повеќе критични медиуми, но ниту еден од нив не ги поколеба претставниците на американската влада, да го пречекат и се сретнат со Парубиј. За да се направат работите побизарни, американскиот поттик за зајакнување на екстремно десничарското насилство во Украина не се разликува од руската поддршка за екстремната десница во Западна Европа.
Одговорноста за воскреснувањето на погромите, убиствата и другото насилство не сносат само варварите во фантомки кои сечат вратови на деца и возрасни во западна Украина. Одговорност сносат, исто така, варварите во одела, кои од своите позиции ги поддржуваат и тапкаат по грб.