СКОПЈЕ, 27.04.2017 – Според податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење 2016 на Државниот завод за статистика, во Македонија 453 000 жители се сиромашни и живеат со помалку од 6.500 денари месечно, а 140 илјади живеат во субстандардни услови, односно во домови без купатило и без минимални услови за нормално функционирање.
Исто така, ако се спореди со минатата година, може да се забележи дека стапката на сиромаштија се зголемила 0.4 % за една година и достигнала 21.9% на крајот на 2016-та. Што значи, секој петти или 453 000 жители се сиромашни.
Додека пак, според министерството за финансии, Македонија има највисока нееднаквост во Европа, ако се спореди учеството на најбогатите 1 % од во вкупниот доход во европските земји. Во Македонија бројката изнесува 14 %, додека најниска има Холандија со 6.3 %. Исто така, фрапантен е податокот за доходот помеѓу најбогатите и просечниот доход – 302 % месечно изнесува просечниот личен доход, а додека на најбојатите 1 % во Македонија месечниот доход изнесува 4180 евра.
Слична е состојбата ако се спореди и GINI индексот. Македонија по Бугарија, е втора земја на Балканост по нееднаквост на приходите. Според последните податоци на ДЗС во Македонија коефициентот изнесува 0.366, а во Бугарија изнесува 0.374. Најдобро рангирана земја во регионот е Словенија со 0.257.
GINI е мерка на нееднаквоста на приходите. Вредноста на коефициентот е дефинирана во распон од 0 до 1, при што ниска вредност индицира подеднаква распределба на приходите или богатството, а висока вредност на нееднаквоста. Доколку GINI изнесува 1 тоа би значело дека во конкретното општество едно лице го поседува целиот приход, а сите други немаат приходи.
Во пресрет на 1 Мај, овие бројки се само дел од причините зошто најголем дел од населението треба да се најде на улиците на протест и да покаже дека се бори за своите социјални, економски и политички интереси.