Антифашистички протести во Солун, поради палењето на центарот Либертатиа

Слоган: „Ниту еден фашистички напад нема да остане без одговор“

ГРЦИЈА, СОЛУН, 23. 01. 2018 – Вчера во Солун, во организација на анархистички и левичарски групи се одржа антифашистички протест на околу 2000 луѓе, кој се јави како природна реакција против завчерашното палење на автономниот центар (сквот) Либертатиа. Исто така, на протестот не се испушти шанса да се потенцира и сеопштата репресија на чело со полициската држава.

Протестирачите вчера испратија порака дека, во Солун таквите грозоморни акции нема да поминат тивко, и дека, во Солун има мнозинство на прогресивни, солидарни и антифашистички настроени луѓе.

За разлика од претходниот националистички протест на кој фашистичките групи го запалија центарот, вчера беше видно огромното присуството на полицијата која употреби солзавци, физичка сила со која повреди многу демонстранти во судирите,  и згора на тоа – уапси 5 луѓе.

Molotovs, tear gas and clashes with police forces during #antifa demonstration

50 minutes ago in #Thessaloniki: Molotovs, tear gas and clashes with police forces during #antifa demonstration in solidarity with #Libertatia squat. Against fascism, repression and police states. #Greece – video by @th1an1

Posted by Jo Di on Понеделник, 22 Јануари 2018

 

Во продолжение, ви ја пренесуваме објавата на автономониот центар Либертатија, по повод палењето на нивниот центар, преведена на македонски јазик.

Денес, недела 21.01, околу 13:30 часот, непосредно пред националистичкиот собир за Македонија, група фашисти, учесници на собирот, извршија серија од напади врз окупираните простори. Откако прво го нападнаа сквотираниот простор “Схолио” и беа успешно одбиени, го нападнаат нашиот сквот оштетувајќи ја фасадата и оградата. Оваа штета беше санирана веднаш од членовите/ките на нашиот колектив кои потоа отидоа да се приклучат на антинационалистичкиот собир кај Камара. Два часа покасно група од 60-70 фашисти го нападнаа нашиот простор со молотови коктели и сигнални бомби (димни бомби), предизвикувајќи пожар. Во тој момент во објектот немаше луѓе, бидејќи сите се наоѓаа на собирот кај Камара. За време на нападот врз сквотот во близина стоеше комбе со припадници на специјалната полиција за разбивање на протести МАТ, кои го следеа нападот без да реагираат. Мора да се спомене реакцијата од соседството – луѓето излегоа по балконите викајќи кон фашистите, кои одговорија со пцовки и фрлање на сигнални бомби (димни бомби) кон нив. Кога фашистите се обидоа повторно да се вратат кај “Схолио”, полицијата повторно не превзеде ништо, штитејќи ги фашистите и пропуштајќи ги во зградата.

Да не се лажеме, нападите и подметнувањето на пожарот немаше да можат да се случат без “покровителство” на собирот за Македонија. Дојдоа од собирот и потоа таму се вратија. Сите десничарски и неонацистички групи повикуваа за напад, но никој не им даде на значење, давајќи им легитимност и простор за делување. Многу добро знаеме дека сето ова немаше да се случи во други услови и затоа потребно е секој/а да го преиспита својот став по однос на фашизмот. Да размислиме кој има корист од палењето на повеќе од еден век стар објект кој беше напуштен со декади. Објект кој ние како анархисти/ки, слободарски комунисти/ки и ревоуционери/ки решивме да го обновиме, од една страна за да ги покриеме потребите за кров над главата на работниците/чките, мигрантите и луѓето кои се погодени од државата и капитализмот, а од друга страна, да создадеме простор за радикално политичко ферментирање на луѓето и промовирање на една нова слободарска култура. Треба да биде јасно дека ова беше едно морално погрешно дело кое можеше да има и фатални последици (жртви).

Овие напади нема да успеат да ја запрат нашата борба против државата, капиталот и фашизмот. Ниту еден напад нема да успеа да не уплаши ниту пак ќе му донесе среќа на фашистите/ките, туку само со зголемена свесност и упорност за градење на општество на еднаквост и слобода ќе продолжиме да се бориме за нашите идеали.

ФАШИСТИЧКИТЕ НАПАДИ НЕМА ДА ПОМИНАТ НЕОДГОВОРЕНИ
ДА ИЗГРАДИМЕ БРАНА ЗА ЗЛОТО НА ФАШИЗМОТ
ЗА АНАРХИЈА И СЛОБОДАРСКИ КОМУНИЗАМ

|2018-01-23T12:43:50+00:0023 јануари 2018|Актуелно, Вести, Некатегоризирано, Свет|