Трудовиот инспекторат утврди повреда на работничките права во текстилната фабрика, опомена до работодавачот

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, 21. 11. 2017 – Инспекторатот на труд констастирал повреда на работничките права во текстилна конфекција во Македонска Каменица, пренесуваат од Хелсиншки комитет во Скопје. Повредата се однесува на неиздавање на месечни и годишни пресметки од страна на работодавачот до работниците.

Државниот инспекторат за труд од подрачната единица Делчево, по извршениот инспекциски надзор, утврдил повреда на работничките права во ДТПУ Текстил М ДОО Македонска Каменица. Повредата се однесува на одредбите од Законот за работни односи (ЗРО) во начинот на исплаќање на плата од страна на работодавачот, пренесуваат од Хелсиншкиот комитет.

„Имаме сознанија дека во конфекцијата се исплаќа минимална плата, ама дека не се издаваат пресметки на плата и работничките и работниците не можат да видат колку и дали им се пресметува и исплаќа минат труд и прекувремена работа“, велат од Хелскиншки.

Работодавачот не е казнет. Инспекторатот дал опомена, односно, отстранување на повредите коишто биле констатирани. Доколку работодавачот не постапи во дадениот рок по решението се бара продолжување на постапката по извршен инспекциски надзор и тогаш инспекторатот поднесува барање за поведување прекршочна постапка и изрекување санкција.

„Во кратки црти во моментов нема глоба за Текстил М, ама имаме сознанија дека не постапиле по решението на инспекторатот, па ќе бараме продлжување на постапка и изрекување на глоба“, додаваат од Хелсиншки комитет.

|2017-11-22T10:05:44+00:0021 ноември 2017|Актуелно, Вести, Некатегоризирано|