Пасолини има еден славен текст објавен во „Corriere della Sera“ со наслов „Јас знам“. Таму тој пишува дека ги знае имињата кои се кријат позади октомвриската стратегија од периодот 1968 – 1974, како што вели, „сум еден интелектуалец, еден писател што се труди да следи што се случува, да прочита се што се случува, да го имагинира тоа што не се знае но и тоа за коешто се молчи, […] да ги стави заедно во еден кохерентен политички кадар неорганизирани парчиња и фрагменти, да изгради еден логички редослед таму каде што изгледа дека доминира арбитрарноста, лудоста и мистеријата“. „Јас знам“ – продолжува тој – „затоа што, кај последното, реконструкцијата на вистината за тоа што се случило во Италија после 1968 година не е многу тешка“, „но немам докази за да ги спомнам имињата, затоа што имињата ги имаат тие коишто ја имаат власта“.
Следејќи го последниот скандал со името на Хабилај – Тахири & Co, ми текна на овој текст на Пасолини и ми дојде да кажам дека не треба да си редок ум како оној на Пасолини за да ја реконструираш историјата на тоа што се случило во Албанија овие години и да го конструираш скандалот во зборови во „еден политички кохерентен кадар“. Лека полека, на организираниот и неорганизираниот криминал му пораснала тежината во економијата и животот во оваа место. Албанските политичари, постари и помлади, ги усвоиле карактеристиките на мафијашко-политичките главатари, а со тоа ја потопуваат Албанија се подлабоко кон една патека во која криминалот изведува криминал, бездната изведува бездна. Министерот наш за Внатрешни работи Сајмир Тахири, според прислушкуваните материјали на Италијанското Обвинителство, добивал по 30 000 евра за секој пат од криумчарите на дрога, а неговиот автомобил бил употребуван како средство за криумчарење дрога, што е еден многу значаен доказ.
Меѓутоа, после првото „изненадување“, не може а да не се вратиме и да си речеме едни на други дека ние ова сме го знаеле, потем дека знаеме многу повеќе од ова, но немаме докази како оние кои ги обезбедиле Италијанците. Зошто е тоа така? Затоа што власта ја имаат криминалците – и врз полицијата и врз обвинителството и врз правосудството. Ова е апсурдот на оваа историја. Криминалците ни велат: Ок, вие знаете дека ние сме криминалци и ние знаеме дека сме такви, но немате докази да го докажете тоа. За да им го докажеш тоа треба да им ја земеш власта, но за да им ја земеш власта треба да ги имаш парите кои никако не се трошат, а кои ги обезбедуваат преку криминал. Инаку, доколку им извадиш некој доказ, ќе те направат будала, ќе ти речат лажеш, лицемерен, ова не е доказ.
Е ова се случи во петокот и во саботата минатата недела на парламентарната комисија.
Како граѓанин, гледајќи ја таа сцена, неколкупати се почувствував навреден и понижен. Се почувствував вака поради тоа што видов еден човек за кого има докази повеќе од доволни да се нарече соработник на криминалците, да се извади пред правните инстанци со една стравувачка ароганција и безбедност, за секого во оваа држава што има надеж дека може да очекува барем малку правда. Се почувствував навреден и понижен затоа што видов пратеници кои претендираат да бидат интелектуалци или заштитници на човековите права, да се порамнат со овој човек. Се почувствував навреден и понижен уште повеќе, гледајќи една организирана толпа која го очекуваше надвор со овации, како да овој се вратил од некаква победа со трофеј од некаков спортски натпревар, а не како човек којшто е обвинет кој ја дегенерирал полициската станица во криминална банда, што е најмалку одговорен за прикривањето на криминалните активности на една опасна банда, која е директно или индиректно одговорна и за сите тие млади луѓе кои се „пикаат“ по патиштата на криумчарењето и се убиваат едни со други по улиците на Албанија. Се почувствував навреден и понижен поради тоа што не видов ниту еден новинар кој би им пристапил на овие луѓе и би ги прашал зошто тие се чувствуваат толку горди за еден човек за врз кого натежнуваат толку тешки обвиненија.
Но, освен што бев навреден и понижен, се почувствував и вознемирен за тоа што ни навестува ова историја. Потценувањето и непочитувањето коешто го прикажаа пратениците социјалисти кон драматичните докази беше и многу песимистичко. Овие луѓе, како што реков, за да стигнат до тука, тие можат да отидат уште подалеку за да ја одбранат нивната власт, кој им дава гаранции дека инкриминирачките докази нема да излезат на виделина. Затоа што криминалот изведува криминал, бездната изведува бездна. Нашата историја го има докажано тоа повеќепати.
Преземено од Perpjekja.