(Фото Google-Earth) Како се уништуваше зеленилото во градот Скопје помеѓу 2002 и 2017

Вака изгледаше делот од скопскиот плоштад во деведесетите. Паркот на фотографијата е де факто приватизиран и на негово место се наоѓа хотелот Мериот. Огромниот споменик на Александар велики заедно со барокните фасади беа шминката, а приватизацијата на јавниот простор, вистинското лице на проектот „Скопје 2014“

СКОПЈЕ, 01. 11. 2017 – Новоизбраните градоначалници, кои се победници на локалните избори ги започнаа мандатите за раководење со општините и Градот Скопје.

После подолг период, СДСМ ги презема обрвските и одговорностите да раководи со скопските општини.

Скопје е град, којшто во последниве десетина години претрпи големи промени во однос на урбанистичкиот и архитектонски изглед. Лавини од критики беа насочувани кон централната, но и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Не може да се занемари и моментот кој укажува на сериозна редукција на зеленилото и парковите во градот. Земајќи предвид дека Скопје е град кој „котира“ високо на листата на најзагадени градови во Европа, новите власти кога беа во опозиција ги критикуваа таквите решенија. Сега истите имаат шанса да ги исправат грешките и да го спречат понатамошното уништување на зеленилото и јавниот простор во градот.

На сателитските снимки, коишто ги објавуваме, а се преземени од Google earth, може да се види екстремното намалување на зеленилото на сметка на градби помеѓу 2002 и 2017 година.

Централната власт, градот и општините помеѓу 2002 и 2017 приватизираа државно земјиште и менуваа детални урбанистички планови, коишто радикално го редуцираа зеленилото и парковите во градот. Со тоа, голем дел од белите дробови на градот се „отидени“ во неповрат.

Новата власт има голема и тешка задача, односно да ја спречи приватизацијата на јавното, особено во случаеви во кои страдаат и онака малите простори на кои постои зеленило. Граѓаните кои во последнава декада започнаа бројни граѓански иницијативи имаат обврска да ја продолжат и интензивираат својата работа.

 

2002 година                                                                                                                                                  2017 година

На оваа сателитска снимка од 2002 градскиот плоштад е речиси обраснат во шума коjа се исече за иградба на повеќе објекти кои се сега во приватна сопственост. Зелен простор се изгуби и со уништувањето на старата автобуска станица и градењето на тетарот од другата страна на Вардар. Наспроти соборната црква се уништи зелена површина на која се изградија згради во приватна сопственост, а дрворедите на Илинденска и Свети Климент Охридкси кои наликуваа на една мала шума се исечени.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На сателитската снимка од 2002 се гледаат игралиштата кај Алумина врз коишто се изгради масивна станбена зграда. Зеленилото околу игралиштата и отворениот простор беа дробовите на тој дел од Тафталиџе коешто изгуби неколку јавни простори за време на градоначалстувувањето на Стевче Јакимовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На оваа сателитска снимка што го покажува просторот спроти Народна банка огромна е зелената и неизградена површина што некогаш постоеше на местото на денешно Веро. На сликата се забележуваат и објекти (приватни куќи и работилници) кои беа уништени со градењето на трговскиот центар. Со тоа беа оштетени неколкумина семејства и работници.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дворот на основното ушилиште Јан Амос Коменски во Тафталиџе беше една огромна зелена површина која се уништи со замена на бараките со нова зграда и изградба на приватно училиште.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На оваа фотографија од 2002 се гледа колку големо беше зеленилото на Илинденска, спроти градскиот парк, каде во последната деценија се иградија неколку станбени блокови. Карпош 2 во 2002 беше населба затскриена во шума. Денес, тој дел од населбата е асфалтен пекол.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Шумата кај Панорама на Водно повеќе ја нема, а на Скопје му се заканува лизгање на земјиштето. Зградите кои што се изградија се грда глетка која се гледа од целиот град.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На сателитскава слика од 2002 се гледа пространото зеленило коешто се иништи со изградбата на Сити Мол и неколкуте станбени згради. Некои од граѓаните имаа на оваа локација и мали зеленчукови градини кои денес се тренд низ светот.

|2017-11-01T20:11:19+00:001 ноември 2017|Актуелно, Вести, Економија|