„Плата во плико“ честа појава кај примателите на минимална плата

СКОПЈЕ, 20. 10. 2017 –  Институтот Finance Think објави публикација со наслов „Квалитет на животот во Македонија“. Публикацијата ќе има неколку тематски броеви, а вчера беше објавен тематот „Плата во плико“. Целта на ова истражување, како што истакнуваат од институтот, е расветлување на различните сфери на квалитет на животот, од доходот и вработувањето, се’ до здравјето и животната средина.

Во истражувањето направено од страна на Finance Think, во тематскиот број наменет за исплатата на платите во плико, се тврди дека „платата во плико“ претставува појава која е најзастепена кај примателите на минималната плата. Оттука, 62 проценти од работниците, коишто се осигурани на минимална плата, примаат плата во плико.

Најзастапена област на овој метод на исплаќање се всушност, како што пренесуваат од Finance Think, мајсторите од различите области и истите не ги обиколуваат одредени возразни граници. Меѓутоа, може да се каже дека ова е позастепено кај жените.

„23.2% од мајсторите во метална, машинска, текстилна и прехранбена струка, како и 21.5% од работниците во услужните дејности, примаат плата во плико (слика 2). Таа плата е во просек една третина од нивната формална плата. Ваквиот наод е во линија со застапеноста на минималната плата кај овие занимања“, се вели во публикацијата.

Според нивните истражувања, најмногу се исплаќа во Пелагонискиот регион (42%), но во делот на формално-примената плата, највисока е во Скопскиот регион со 57%.

„17.8% од работниците во Македонија кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико во 2017 година. ‘Плата во плико’ е плата исплатена во готовина врз основа на неформален (незаконски) устен договор помеѓу работникот и работодавецот“,  се истакнува во публикацијата.

Платата во плико, претставува неколкукратно кршење на работничките права, но и законските обрски и прописи на Република Македонија. Со користење на овој начин на исплата, работодавачите се изземаат од исплаќање на државата давачки коишто претставуваат придонеси за буџетот на државата кој на крај се распределува по различни сектори. Од друга страна, се ускратува правото на работниците да користат и уживаат во правото на социјално, здравстено и пензиско осигурување, со што на крај се намалува и кредитната способност на работниците.

 

Мерки за искоренување на „платата во плико“

Според Finance Think, борбата против оваа појава може да се води на две нивоа. Имено, преку мерки на казнивност и преку мерки на едукација.

Мерките на казнивост претпочитаат редовни теренски контроли од Инспекторатот за труд, големи казни за исплата на плата во плико, вонтеренски проверки со вкрстување административни податоци од УЈП и анкетни податоци од ДЗС и кампањи со нагласок на казните и ефективноста во откривањето.

Мерките на едукација опфаќаат поголеми даночни ослободувања за најниско платените работни места, едукација за поттикнување доброволно обелоденување, поттикнување постепен премин од плата во плико кон целосно формална плата, едуцирање за користа од формалната плата, поедноставување на процедурите за формализација, зголемување на даночниот морал и даночното знаење за тоа како се трошат народните пари.

|2017-10-20T10:54:50+00:0020 октомври 2017|Актуелно, Вести, Економија|