Мислител
ДА СЕ ЗБОРУВА самиот со себеси…
Тоа не е секогаш забавно: да се направи забавен, интересен, поучен,
непредвиден разговорот
со самиот себе,
значи да се постане – мислител…
Улогата на внатрешниот глас.
Филозофските системи се тешко усогласиви со природноста на овој разговор и всушност се обичнни ракописи.
СМЕША ТОА Е ДУХОТ
Проза, стих, сеќавања, изреки или слики
Се што доаѓа од сонот, од љубовните станови,
Се што боговите го даваат во убавите прилики
Го создава овој албум на фрагменти од моите денови
Час невин, наивен, апсурден, мил, полн чуда,
Роб на мувата или владетел на законот,
Духот е всушност таа смеша
од која секој миг изнурнува моето ЈАС.
Пол Валери е француски мислител, писател и едно од најголемите поетски имиња на ХХ век. Најпознати дела со кои се кити неговиот творечки опус се поемите „Морнарски гробишта“ и „Младата парка“, меѓутоа, тука се и есеите „Вовеед во методот на Леонардо да Винчи“ и „Танецот“. Изборот на двете објавени песни е направен од збирката „Меланж“.