Шестото масовно исчезнување закана за снабдувањето со храна за човештвото

Шестото масовно исчезнување на животот се заканува да наштети на глобалното снабдување со храна за седумте милијарди жители на планетата, велат научниците.

„Огромни делови од растителните и животинските видови што ги формираат темелите на нашето снабдување со храна се исто толку загрозени [како и дивината] и речиси не добиваат никакво внимание”, вели Ен Тутвилер, генерален директор на Bioversity International, истражувачка група која објави нов извештај во вторникот.

„Ако има едно нешто што не можеме да си дозволиме да исчезне, тоа се видовите што ја обезбедува храната што ги одржува секој од седумте милијарди луѓе на нашата планета,” вели таа за Гардијан. „Овој ’агробиодиверзитет’ е драгоцен ресурс што го губиме, а сепак може да помогне во решавањето или ублажувањето на многу предизвици со кои се соочува светот. Тој има критична, но сепак занемарена улога во помагањето да ја подобриме глобалната исхрана, да го намалиме нашето влијание врз животната средина и да се прилагодиме на климатските промени.“

Три четвртини од глобалното снабдување со храна се потпира на само 12 растителни и 5 животински видови. Ова монокултурно третирање на снабдувањето со храна е многу опасно „ставање на сите јајца во една кошница.“ Во евентуален случај на заболување што би нападнало некој од овие видови, може да се доведеме до глобална криза во снабдувањето со исхрана. Ирскиот „компирски глад” ни кажува што значи кога голем дел од населението зависи од една култура – овој инцидент однел еден милион животи и предизвикал иселување на уште еден милион!

Постојат огромен број на растителни и животински видови во дивината што би можеле да го збогатат биодиверзитетот и снабдувањето со исхрана. Но, масовното уништување на природната средина доведува до нивно масовно исчезнување. До сега истражувањата главно се фокусирале исчезнувањето на животинските видови – изминатите 40 години се изгубени половина од животинските видови! Извештајот укажува на опасноста дека дури 1000 култивирани видови се исто така загрозени.

„Биодиверзитетот на храната изобилува со супер-храна, но можеби уште поважно е фактот дека оваа храна е исто така лесно достапна и прилагодена на локалните услови на земјоделство”, рече Тутвилер.

Пирфранчески Сако, постојан претставник на Италија во Организацијата за храна и земјоделство на ОН, вели:

„Најновиот извештај на ОЕЦД проценува дека Италија е трета земја во светот со најниска стапка на прекумерна дебелина после Јапонија и Кореја. Дали е случајно тоа што сите три земји имаат долга традиција на здрава исхрана базирана на локалната биолошка разновидност на храна, кратки синџири на снабдување со прехранбени продукти и промоција на локални сорти и јадења?“

Тој вели дека наоѓањето и култивирањето на поширок спектар на храна е клучот:

“За разлика од зачувувањето на панди или носорози, толку повеќе го употребувате агробиодиверзитетот и колку повеќе го јадете, толку подобро ќе го зачувате”.

Одгледувањето на монокултури денес е резултат на борбата за профит на агро-бизнисите кои го максимализираат својот профит на сметка на еколошките приоритети. Со тоа, не е далеку од вистината дека профитот е заканата за човештвото!

|2017-09-26T14:03:33+00:0026 септември 2017|Актуелно, Вести, Свет|