Берлин: Активисти го окупирале познатиот Volksbühne театар во протест против гентрификацијата

Во петокот вечерта група на активисти го окупирале познатиот берлински театар Volksbühne. Активистите велат дека се одлучиле на оваа акција како револт против гентрификацијата и преземањето на културните објекти од страна на приватните инвеститори.

„Го признаваме ослободувањето на овој простор и последователната самоуправа како уметнички, а со тоа и политички акт: градот е театар, театарот е град,” изјавил еден претставниците на групата за берлинскиот дневен весник Der Tagesspiegel.

Целта на активистите е да го окупираат театарот, чие име во превод значи „Народна сцена“ во текот на наредните три месеци. За тоа време тие сакаат таму да создадат „анти-гентрификациски центар“ и „парламент за бездомните.“

Берлинскиот сенатор за културна политика, Клаус Ледерер, ги критикуваше активистите на својата Фејсбук страна. Иако признава дека „борбата за слободен простор е важна и неопходна,” тој рече дека ова не може да се случи ако постојните слободни простори се „приватизираат” и се ставаат под „конфискувана контрола”.

 

|2017-09-25T11:55:34+00:0025 септември 2017|Актуелно, Вести, Некатегоризирано, Свет|