ЕПИПСИХИДИОН (1821)
(извадок)
Ти, сестро на Љубовта што осиротела,
Над мртво царство што си заридала,
Сложи го в срце свое – олтар сломен,
Овој венес од песни на бледен спомен!
Заробена птичко, кафез ти оддекнува
Со музика, која би ги смекнала
И на темничарите срцата суви,
Да не беа тие одамна глуви,
Таа песна роза твоја нека биде,
Славеју мој! Таа со есента што иде
Умира, но нежен е цветот со бледи бои
И нема трње да раскрвари гарди твои!
Срце крилато, што напразно биеш
Зад решетки сурови – не ќе ги пробиеш,
Дури перјата на мислата таа мека,
Со која духот твој се кренал полека
Над сенката своја земна и снижена,
Задишани гради твои за миг ќе накапат
Проклета ќелија со крв скапа,
А јас солзи ронам – не била толку горка,
Дури ни крвта – само да не ти нанесува болка.
Перси Биш Шели е еден од најголемите англиски поети од периодот на романтизмот. Заедно со Џон Китс и Џорџ Гордон Бајрон се обличјата на една романтична лирска поетска инспирација, а воедно и најпознатите романтични англиски поети. Починал на 29 годишна возраст, меѓутоа неговите стихови проткаени со многу идеализам и неговото политичко влијание врз политички фигури како Ганди, останува бесмртен узор на еден нескротлив дух кој ита по слобода.