СКОПЈЕ, 18. 07. 2017 – На денешната прес конференција одржана пред Држанвиот инспекторат за труд, политичката партија Левица се осврна на темата на работничките права, охрабрувајќи ги работниците за нивното вклучување во заштитата на своите работнички права. Овој период претставува период на апатија и потребата за поголемо ангажирање е неопходно, затоа што, како што порачаа од Левица, доколку работниците не се грижат за нивните права, другите воопшто тоа нема да го направат.
„Инспекторатот на труд, во изминативе 27 години беше незаинтересиран за работничките права, а оваа институција е единствената којашто е одговорна за тој домен“, истакна Здравко Савески членот на Президиум на Левица.
Тој додаде дека, новата влада има можност и должност да ја промени таа традиција на незаинтересираност на оваа институција.
Од партијата истакнувааат два механизми на интервенција за заштита на работничките права. Првиот механизам е пријава на кршење на работнички права преку политичката партија Левица. Иако, според нив, постои можност за анонимно пријавување на кршење на работничките права, опцијата понудена од Левица е покорисна за работнциите затоа што доколку работниците пријават во инспекторатот анонимно, тие би го заштитиле својот идентитет, но, инспекторатот со тоа не е должен да ги извести за исходот на пријавата.
Тоа остава простор за голем број на манипулации и сомнежи за начинот како е извршен тој надзор, нагласи Дејан Лутовски од Левица.
Но, и доколку работниците пријават со лични податоци кои би требало да останат службена тајна, праксата покажува дека, истите се злоупотребувани и работодавачот на лесен начин го дознава името на вработениот кој пријавил.
Поради тоа, Левица ја започнува кампањата на заштита на работничките права. На таков начин што, работниците ќе можат да пријават неправилности и злоупотреба од страна на нивните работодавци. Од друга страна, Левица стои на располагање за бесплатна правна помош и советување од областа на кршењето на работничките права.
Автори: Мариглен Демири
Сенада Ибраимова