Во продолжение го пренесува во целост фејсбук статусот на Мариглен Демири по повод застарувањето на кривичното дело:
Денеска официјално застарува делото кое Обвинителството и државата го водеа против мене со парадоксален наслов „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело според член 385 од КЗ“. Парадоксален затоа што би се убил, ама не би бил дел од ниедна толпа (нешто што останува некогаш да го образложам во некои мои меморари).Поминаа шест години, во кои сретнав многу добри луѓе, многу сомисленици, нови пријатели, прилики и неприлики како што животот налага. Некои луѓе на судењата доаѓаа интензивно, се додека самиот одлучив да престанам да им ги кажувам датумите на судење, затоа што практично на судењата не се случуваше ништо, а истите често изгледаа и безнадежно и доста апатично.Судот е доста интересно место. Место кое се надевам дека никогаш веќе нема да го посетувам. Но и место кое ме научи доста работи, особено за карактерите на луѓето, за тоа како изгледаат лицата (последниве две години дури и со маски) на оние кои ги играат улогите на обвинители и судии, а како на оние кои се обвинувани (лажно или праведно – сеедно).Им благодарам и на добрите и на лошите за укажаната средба и можност да го проживеам и тој момент, на чудото наречено живот!Многумина, не гледаа низ годиниве како жртва, мене, но и моите другарите, тука ќе го издвојам Zdravko Saveski, со кој сум започнал активизам и е човек со кој сум изодил многу политички, интелектуални и животни патишта. Јас себеси не се сметам за жртва, а истовремено нималку сум изненаден и разочаран од развојот на политичките случувања во земјава, вклучително и на оние поврзани со правосудството (не-судењата на различни криминалци и гангстери во политичарско руво, на пример), економските и социјални крахови, наметнувањето на темите на разговор кој не им личат на општества и држави со вакви гајлиња како нашите итн итн.Всушност, покрај многуте шанси да бидам амнестиран, „спасен“ и унапреден во животот, секогаш сум го избирал тоа спротивното, налик на мојот мазохистички карактер, секако без многу кочоперење. Сметам дека јас, а и моите другари, станавме своевиден симбол на отпор, отпор кој резистираше на сите можни страни, партиско-политички, државно-обвинителско-полициски, економски и социјален, емотивен и пријателски, а да не зборуваме за семејните.Во меѓувреме изгубив една доста важна личност од мојот живот, кој значително го ослабна мојот мотив за „гледање напред“, но од друга страна значително го зголеми опитот и желбата да се сака животот, да се почитува исто така, да се сакаат пријателите и блиските, да се почитуваат другарите, да се пушта рака секогаш секому кога треба и да се гледа човек во туѓото лице и туѓите брчки, како одраз на една одживеана животна епизода. Накрај, освен живеење и љубење на другите луѓе, другите опции се доста упропастувачки.Во однос на активизмот и утопискиот дух кој го гаам и немам намера да го напуштам, ќе им препорачам на сите идни протестирачи и соборци:-ПРОТЕСТИРАЈТЕ! ОРГАНИЗИРАЈТЕ СЕ! ПОДДРЖУВАЈТЕ СЕ! СОЛИДАРИЗИРАЈТЕ СЕ! ИМАЈТЕ ЦЕЛ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ ОД ВАШАТА ЦЕЛ!Но, имајте предвид, дека од протест може и да не се вратите дома, може да бидете уапсени, може да завршите дури и како жртви, може да сте и инструментализирани…. МОЖЕ МОЖЕ МОЖЕ. Но, пред се, носете си маски со вас, внимавајте да не ве идентификуваат, одбегнувајте насилство и докрај борете се за вашата цел, истовремено гледајќи ја целта како една заедничка, здружена, кон еднаквост насочена.