Ердоган против синдикалното здружување: „Каде што има опасност од штрајк веднаш го користиме ОХАЛ (одредби за вонредна состојба)“

Ердоган во присуство на најмоќните бизнисмени во Турција

Ердоган во присуство на најмоќните бизнисмени во Турција

На состанок со Берзанското здружение во Турција, турскиот претседател пред инвеститорите се пофали дека вонредната состојба што беше прогласена по обидот за пуч на 15 Јули изминатата години се користи против здружувањето на работниците и нивниот отпор против се позасилената експоатација. Ердоган ги потсети инвеститорите дека пред неговата партија за Правда и Развој да дојде на власт во 2002 постоеше вонредна состојба, но во фабриките имаше штрајкови.

„Сега“, изјави Ердоган, „секаде кадешто има опасност од штрајк ние веднаш тоа го спречуваме.“

На средбата во Берзанското здружение на Турција земаа учество странските инвеститори на кои Ердоган им испрати охрабрувачка порака дека профитот ќе им биде заштитен дури и ако е на штета на основните работнички права.

Еден од советниците на Ердоган удира еден од рударите во рудникот Сома за време на протестите по загинувањето на 301 судари во рударското окно

Еден од советниците на Ердоган удира еден од рударите во рудникот Сома за време на протестите по загинувањето на 301 рудари во рударското окно

Еден од советниците на Ердоган удира еден од рударите во рудникот Сома за време на протестите по загинувањето на 301 судари во рударското окно” width=”634″ height=”434″ class=”size-full wp-image-1006″ /> Еден од советниците на Ердоган удира еден од рударите во рудникот Сома за време на протестите по загинувањето на 301 судари во рударското окно[/caption]Еден од советниците на Ердоган удира еден од рударите во рудникот Сома за време на протестите по загинувањето на 301 рудар во рударското окно” width=”634″ height=”434″ class=”size-full wp-image-1006″ /> Еден од советниците на Ердоган удира еден од рударите во рудникот Сома за време на протестите по загинувањето на 301 удар во рударското окно[/caption]

Ердоган почна да ги затвора и професорите од престижниот Универзитет Боазиџи

По завршувањето на 25 дневниот марш на опозицијата од Анкара до Истанбул во должина од 450 километри, Ердоган уапси 72 професори од истанбулските универзитети Боазиџи и Меденијет. Од овие 72 професори 8 се од светски познатиот Боазиџи Универзитет. Меѓу нив и познатиот Корај Чалишкан кој е близок на опозиционата Републиканска Паартија и еден од советниците на нејзиниот лидер, Кемал Килилароглу. Уапсените се обвинети како приврзаници на Фејтула Гулен кој се смета како организатор на обидот за воен удар што се случи на 15 септември изминатата година. Корај Чалишкан е симпатизер на секуларната Републиканска Партија којашто во минатото ја критикуваше блискоста на владеачката партија на Ердоган и религиозното движење на Фејтула Гулен. Мнозина аналитичари сметаат дека таа блискост или сојузништво всушност го подготви теренот Гуленистите да се инфилтирираат во војската и сето тоа со одобрение на владеачката партија на Ердоган. Се погласни се критиките дека Ердоган го користи обидот за воен удар со цел да се пресмета со опозицијата. Во изминатава година голем број од уапсените десетици илјади граѓани на Турција се всушност социјалисти, социјал-демократи и синдикалисти коишто немаат никаква поврзаност со религиозноте движење на Фејтула Гулен кој во моментов живее во САД и од таму ја координира својата мрежа на следбеници и бизниси.

Корај Чалишкан, професор на универзитетот Боазиџи во Истанбул

Корај Чалишкан, професор на универзитетот Боазиџи во Истанбул

Ердоган е вистинското лицето на големите стопанственици на Турција и странските инвеститори

Ерозијата на демократските вредност во Турција честопати се поврзува со автократските тенденции на Ердоган, но тие тенденции се резултат на неолибералната политика што ја спроведува владејачката партија во изминативе 15 години и којашто наиде на отпор во турското општество. Не мал беше отпорот што граѓаните на Турција го покажаа против приватизација на државни претпријатија и земјиште, распродажба на природни ресурси на домашни и странски фирми и елиминирање на правната регулатива за заштита на животната средина. Автократските тенденции на Ердоган се насочени токму кон уништување на овој отпор. Една од клучните политики што потсетуваа на ситуацијата во Македонија се одврзаните раце што последниве 15 години им се даде на градежните фирми во Турција, а особено оние во Истанбул. Ова доведе до незапирливо уништување на некои од историските населби во Истанбул, сечење на шумата околу градот каде се гради интензивно врз јавно земјиште и којашто е клучна за водоснабдувањето на Истанбул, како и акумулација на недвижности во рацете на неколкумина.

Христијански и муслимански идентитети, но во суштина неолиберални режими

Исламскиот идентитет на Ердогановата партија беше всушност начин да се создаде популистичко движење кое ќе ги заузда социјалните барања за социјална и економска правда кон крајот на 1990те. Скандалите кои излегоа на виделина особено по објавувањето на прислушкуваните разговори во 2013 покажаа дека Партијата за Правда и Прогрес е всушност водена од тесно-фамилијарни интереси и корупција. Сличен коруптивен и христијански идентитет има и поранешната владејачка партија на Никола Груевски во Македонија. Индиции за длабоката корупција во Партијата за Правда и Прогрес постоеа и во првите години од нејзинот владеење но либералните политички сили во Турција како и западно европските и северно-американските партнери на Турција од НАТО и Европската Унија и помогнаа на Партијата за Правда и Прогрес да ја зацврсти власта. Неолиберална политика на Ердоган најде сојузници особено во САД каде неолибералниот режим на Џорџ Буш виде во Ердоган верен сојузник.

Ердоган, Буш и Колин Пауел на состанок во Стејт Департментот непосредно пред започнување на окупацијата во Ирак

Ердоган, Буш и Колин Пауел на состанок во Стејт Департментот непосредно пред започнување на окупацијата во Ирак

Партијата за Правда и Прогрес создаде и едно привидно чувство дека е браникот на демократијата бидејќи се заложи да ја стави под контрола војската која на неколку наврати по Втората светска војна организираше воени удари кои воглавно беа насочени против движењата за социјална правда.

Гези, Сирија и прогресивните сили на Турција

Демонстратите кои се ставија во одбрана на паркот Гези во Истанбул ги видоа темните облаци коишто се надвиснуваа над Турција во 2013. Движењето кое израсна од протестите се стави во одбрана на јавните простори во Истанбул и низ цела Турција коишто инвеститорите во сојузништво со Партијата за Правда и Прогрес настојуваа да ги приватизираат.

Демонстрантите во одбрана на Гези паркот во Истанбул во 2013

Демонстрантите во одбрана на Гези паркот во Истанбул во 2013

Ваквото приватизирање има своја паралела и во Македонија за време на владеењето на Никола Груевски. Токму на овие простори јакнеше режимот на Партијата за Правда и Прогрес како и оној на ВМРО-ДПМНЕ. Протестите за одбрана на Гези во Јуни 2013 беа особено силни и во пограничниот град Антакија каде граѓаните имаа можност да ја видат поддршката што владата на Турција им ја даваше на бунтовничките групи во Сирија, голем дел од нив со реакционерен карактер. Преку Турција, и НАТО сојузниците започнаа со вооружување на сириската опозиција со оружје кое заврши во рацете на Исламската држава и Ал-Каеда. Прогресивните сили на Турција ја видоа опасноста од оваа политика која наликуваше на она што се случи во Авганистан во 80те и веќе во 2014 започнаа со објавување на податоци за порозноста на границата и поддршката што Турција им ја даваше на оние реакциони сили во Сирија кои се бореа против сириската армија и курдските анархисти. Во овој контекст, обидот за пуч изминатата година се искористи од страна на Партијата за Правда и Прогрес како изговор за пресметка со опозицијата во Турција и преземање на целокупната контрола врз војската и државниот апарат. Но економскиот пад, зголеменото задолжување на граѓаните, високите цени на храна и кирии создаваат се поголем притисок врз неодамна воспоставената диктатура. Неодамнешниот митинг на опозиција каде присуствуваа речиси 2 милиони граѓани на Истанбул е првиот знак дека на режимот на Ердоган му се приближува крајот. Прашањето е дали промената што наближува ќе биде во корист на обесправените и осиромашените граѓани во Турција или пак оние што профитираа од политиките на Партијата за Правда и Прогрес ќе успеат да воспостават статус кво. Истото прашање го поставуваат и прогресивните сили во Македонија каде јавноста е во очекување на правната разрешница на големиот број коруптивни скандали на поранешни владини фунционери и македонски бизнисмени.

Заев и и бизнисменот Минчев, еден од бизнисмените кои профитираа од проектот на Груевски, Скопје 2014

Заев и и бизнисменот Минчев, еден од бизнисмените кои профитираа од проектот на Груевски, Скопје 2014

|2017-07-15T22:32:32+00:0015 јули 2017|Актуелно, Вести, Економија, Свет|