Неколку поенти околу срамниот договор со Бектел. Се покажа:
- Дека нашиот американски империјален господар не’ третира како типична потчинета земја од глобалниот Југ (без разлика на филмањата кај нас дека ние тоа не сме).
- Дека од негова гледна точка секогаш интересите на американскиот капитал ќе имаат приоритет пред какви било правни норми во земјата-вазал.
- Дека СДСМ во своето вазалство кон САД се посра и на наводната посветеност на работничките права и на владеењето на правото. 60 часа работна недела, АЛОООО!
- Дека сите овие реакции за склучувањето на договорот без тендер се напразни. Кога Кале ќе рече дека нема ништо спорно – нема ништо спорно!
Продолжете си со вртењето во круг околу спорот со Бугарија. Се’ додека за вакви работи само се коментира по асоцијалните мрежи и толку – подобри се работите отколку што сакаме да си признаеме.
Освртот е преземен статус од фејсбук профилот на Здравко Савески.