Време е гневот да се излее на улиците

Со 40 починати на ден не лажат дека ситуацијата е под контрола, а пред неколку месеци кога на ден починуваа по 5-6 лица ни ставаа карантин

Околу 40% од тестираните се позитивни, не лажат дека ситуацијата е под контрола, а со10% позитивни од тестираните ни ставаа карантин.

Хронично болните одат на работа, а во гореспоменатото време, не одеа.

Кафичите вријат од гости без маски, надвр, на улица луѓе се казнуваат дека не носат маска. Ова веќе е лудило, не знам како да ја коментирам оваа состојба.

Нема тестови во јавното здравство, а на приватно се прескапи за обичните луѓе. Ковид терапија во приватно здравство чинела 14.000 евра. Да, добро прочитавте, цели 14.000 евра. Како еден работник кој добива минимална плата која изнесува 14.500 денари може да си дозволи Ковид терапија во приватна болница?! Па тој работник во цела година заработува околу 3.000 евра. Ќе се лекуваат само богатите?

Болните не се хоспитализираат. Луѓето ги оставаат сами да се лекуваат дома, па дури и да умрат.

Јавното здравство е распаднато, нема капацитет. Нема, бидејќи во изминатите 30 години не се вложуваше во здравството туку во џебовите на оние кои сега не убиваат.

Струјата ја поскапија. Во време на пандемија, во време на илјадници отпуштени работници, ја поскапија струјата, без трошка срам.

Еден куп луѓе останаа без работа. Ги залажуваат со ваучери од 6.000 денари. Тие нека пробат да живеат со 6.000 денари.

Бројот на социјално ранливи семејства од почетокот на пандемијата до денес се покачи за 20%. Ова се само пријавени случаи, а колку се непријавените?

Згора на тоа се приватизира поштата, а се најавува и приватизација на железницата и продажба на земјоделското земјиште. Не заборавајте до што доведе приватизацијата на ЕСМ. Истото ќе биде и со поштата и со железницата.

Ни направија еколошка катастрофа за 10 години светот нема да биде оној кој го познаваме, и сето тоа поради профит, поради нивната ненаситност.

Не прават будали, а ние седиме и кукаме по социјалните мрежи. Гневни сме, гневни сме и не боли сето ова, но сме кукавици и се плашиме за нашите мизерни животи.

Се плашиме да не не избркаат од работа, се плашиме да не умреме од Ковид! Но, едно да ви кажам, вака или така, ние, нискиот слој, угнетените, секако ќе умреме, дали од Ковид, дали од глад, бидејќи состојбата само ќе се влошува, ништо нема да се подобри.

Време е гневот да се излее на улиците, време е овој скапан систем да се промени со нов, каде животот на поединецот ќе биде најбитен, а не профитот,  како што е сега. Време е јасно и со една цел да се излезе во борба, борба за себе, борба за своето достинство, за својот труд, во борба против капитализмот.

Џејлан Велиу

|2022-07-03T19:00:54+00:0017 ноември 2020|Актуелно, Гласни идеи, Став|